Крај на бајката во Манчестер Сити: Пеп го официјализираше своето заминување

Познатиот каталонски тренер Жузеп Гуардиола официјално го потврди своето заминување од Манчестер Сити, напуштајќи го „Итихад“ по 10 фантастични години.

И клубот и тренерот го потврдија своето заминување на крајот од тековнава сезона откако Гуардиола освои 20 трофеи со Манчестер Сити и ги предводеше до титулите на европски и светски прваци.

Неговиот последен натпревар како менаџер на Манчестер Сити ќе биде против Астон Вила овој викенд.

Каталонецот, кој се приклучи на Сити во јули 2016 година, имаше трансформативно влијание во текот на 10-те години на чело на клубот, а си заминува откако освои 20 големи трофеи, што го прави најуспешниот менаџер во историјата на клубот од „Итихад“.

„Какво време поминавме заедно. Не ме прашувајте зошто си заминувам. Нема причина, но длабоко во себе знам дека ова е моето време. Ништо не трае вечно, ако беше така, ќе бев тука. Она што ќе трае вечно ќе биде чувството, луѓето, спомените, љубовта што ја имам кон мојот Манчестер Сити“, рече Пеп во официјално соопштение денес.

Оваа година Гуардиола не успеа да го освои англиското првенство, кое му припадна на Арсенал и неговиот ученик Микел Артета.

„Работевме. Страдавме. Се боревме. И ги правевме работите на наш начин. Наш начин“, додаде тој, со што стави крај на едно од најуспешните партнерства во модерниот фудбал.

И покрај тоа што ја напушти позицијата менаџер на Манчестер Сити, Пеп ќе го продолжи своето партнерство со City Football Group, преземајќи ја улогата на глобален амбасадор.

Неговата улога ќе вклучува давање технички совети на клубовите на групацијата, работа на специфични проекти и соработки.

Гуардиола има освоено 6 титули во Премиер лигата, 4 ФА купови, 5 Лига купови, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство...

реклама

Фудбал

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Read more

Каде исчезна моќната Германија?

Read more

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Read more

Спорт

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ: Прв пат чувствувам срам

Читај повеќе