Легендарниот Левандовски на еден натпревар сруши два рекорда во ЛШ

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, иако во доцни години како фудбалер, во еден натпревар сруши два рекорда во Лигата на шампионите.

Со два гола во убедливата победа на Барселона од 7:2 над Њукасл во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, тој го надмина фудбалскиот GOAT Лео Меси на листата на играчи кои постигнале голови против најразлични тимови во историјата на натпреварувањето.

Њукасл стана 41-от клуб против кој Левандовски постигнал гол.

Со двата гола постигнати против англискиот клуб, Левандовски се одвои од Меси, кој остана на бројот од 40 различни противници против кои постигнал голови. Иако неговите голови дојдоа во време кога победникот веќе беше решен, поранешниот напаѓач на Баерн уште еднаш ја потврди својата класа на голгетер.

Благодарение на неговите голови во 56-тата и 61-вата минута, со кои резултатот се искачи на 5:2, односно 6:2, полскиот напаѓач сруши уште еден рекорд синоќа: сега е најстариот играч што постигнал два гола во еден натпревар во Лигата на шампионите. Головите погледнете ги ТУКА.

Досега, рекордот го држеше легендарниот напаѓач на Италија, Филипо Инѕаги - кога постигна два гола за Милан против Реал Мадрид во ноември 2010 година, „Пипо“ имаше 37 години и 86 дена. Левандовски сега го постигна овој подвиг на возраст од 37 години и 209 дена.

Неговиот импресивен број на голови во Лигата на шампионите сега изнесува 109 гола на 141 настап, што го прави единствениот играч покрај Меси и Кристијано Роналдо кој постигнал повеќе од 100 голови во најсилното фудбалско натпреварување во светот.

Иако е тешко да се очекува дека ќе ги стигне Роналдо и Меси на вечната ранг-листа на стрелци, Полјакот успеа да го освои овој уникатен рекорд и да се запише во историјата на натпреварувањето на друг начин.

Заедно со Полјакот, неговиот соиграч од Барса Ламин Јамал исто така остави трага во фудбалската историја. Шпанското чудо од дете постигна гол од пенал кратко пред крајот на првото полувреме - со што стана најмладиот играч (18 години и 350 дена) што постигнал десет гола во Лигата на шампионите.

реклама

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

Фудбал

Брутален напад на меч во САД: Го собори противникот, го шутираше, па му мавна 5 бокса

Read more

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Read more

Спорт

Брутален напад на меч во САД: Го собори противникот, го шутираше, па му мавна 5 бокса

Читај повеќе

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Читај повеќе

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Читај повеќе

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Читај повеќе

Премиер лигата воведе 4 нови правила за новата сезона

Читај повеќе

Младиот напаѓач на Каљари се давел во базен, со хеликоптер го однеле на интензивна

Читај повеќе

Јуве ѝ плати на Болоња 20 милиони евра за стоперот Лукуми

Читај повеќе