ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Леопардите ја намачија Англија, Кејн со два гола донесе осминафинале

Филип Здравески
/ 01.07.2026 / 20:01

Англија до 15 минути пред крајот имаше негатива против ДР Конго, но потоа на сцена стапи Хари Кејн и го продолжи мундијалскиот сон на Англичаните.

По почетниот притисок на англичаните следуваше студен туш од контра напад во 7. минута. Капитенот Шансел Мбемба нафрли од десно во шестнаесетникот, таму Џед Спенс со глава лошо ја процени топката, зад него налета Брајан Сипенга и со шут по земја веднаш до поблиската статива го матираше Џордан Пикфорд за молк меѓу англиските навивачи на стадионот „Мерседес-Бенц“ во Атланта.

Remote video URL

Англија имаше одлична можност за израмнување во 35-тата минута преку Маркус Рашфорд, но неговиот удар од гол-линијата го расчисти Арон Ван-Бисака. Во 42. минута врати Јоан Виса кога по одлично нафрлување од десно играчот на Њукасл Јунајтед ја погоди стативата од англискиот гол.

Во судиското надополнување на првиот дел во главна улога беше Хари Кејн. Прво се обиде да изглуми пенал кога намерно отиде на контакт со голманот Лионел Мпаси, а јорданскиот судија Адам Махадме и по ВАР проверка не потпадна на измамата на англискиот голгетер. Потоа имаше колосална шанса кога од петерецот биеше директно во Мпаси.

Шест минути по паузата се закани Рашфорд кога шутираше од лево, но Мпаси повторно одлично го обрани конгоанскиот гол. Но, не можеше истото да го направи во 75-тата кога нововлезениот Ентони Гордон од десно му сервираше на Кејн пред петерецот, а на искусниот лисец непречен од никого му беше прелесно да погоди за израмнување.

Remote video URL

Кејн дефинитивно се рзбуди и во 86. минута се погрижи за комплетен пресврт. Откако Белингам промаши зицер откосо лево, односно Мпаси му одбрани, Гордон ја зеде топката, додаде до Кејн, овој си отвори простор за удар и заби во голот на ДР Конго. Кејн со денешните два гола има вкупно 5 на Мундијалот.

Remote video URL

Меч топка за израмнување имаше Виса во 6. минута од надополнувањето, но од изгледна позиција од слободен удар го префрли голот.

Популарните „Леопарди“ по овој пораз се пакуваат за дома, но можат со кренати глави да си заминат оти не разочараа, ги освоија симпатиите со добрата игра како денес така и во групната фаза и целокупно оставија одличен впечаток.

Во осминафиналето Англија ќе игра против кодомаќинот Мексико. Натпреварот е закажан за 6 јули во 2 часот по полноќ на „Астека“ стадионот во Мексико Сити.

реклама

Фудбал

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Read more

Каде исчезна моќната Германија?

Read more

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Read more

Спорт

  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ: Прв пат чувствувам срам

Читај повеќе

Сагата Мбапе-ПСЖ заврши без обвинение

Читај повеќе