Премиер лига 2024/2025

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Макфакс/Кајгана
/ 21.04.2025 / 11:05

Поразот од Ливерпул на стадионот „Кинг Пауер“ (0:1) значи дека Лестер дефинитивно испадна од Премиер лигата и во исто време стана неславен рекордер во една од најцрните серии во англискиот фудбал.

За фудбалерите на Лестер ова беше 9-ти последователен пораз на домашен терен во Премиер лигата и деветти меч пред домашните навивачи на кој не постигнаа гол!

Гол разлика 0:22!

По ред: Ливерпул 0:1, Њукасл 0:3, Манчестер Јунајтед 0:3, Брентфорд 0:4, Арсенал 0:2, Фулам 0:2, Кристал Палас 0:2, Манчестер Сити 0:2, Вулверхемптон 0:3.

„Лисиците“ станаа првиот тим во историјата на најсилната англиска лига што не постигнал гол на 9 последователни натпревари на домашен терен (со сите 9 порази).

Во историјата на англискиот фудбал само фудбалерите на Вулверхемптон во втората англиска лига беа полоши во оваа категорија со 10 меча без гол на домашен терен во периодот од декември 1984 до април 1985 година.

Прашање е што ќе прави клубот во иднина? Сериозни анализи и веројатно големи промени допрва следуваат. Што ќе се случи со миленикот на фановите Џејми Варди?

Најдобриот играч во Премиер лигата од 2016 година, сезоната кога Лестер го направи едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот и ја освои титулата, му истекува договорот во јуни и допрва треба да добие понуда од клубот да потпише нов.

Варди изјави дека сѐ уште нема да се пензионира, иако следниот јануари ќе наполни 39 години.

А, што ќе биде со тренерот Руд ван Нистелрој? Холанѓанецот не успеа да го задржи Лестер во Премиер лигата и не е познато дали ќе го води тимот следната сезона.

На новинарско прашање кога ја очекува одлуката на клубот, тој одговари:

„Се надевам наскоро. Новата сезона започнува многу брзо и треба да започнат подготовките. Значи, што побрзо, толку подобро“.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Фудбал

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе