уефа лига на шампиони 2025/2026

Лигата на шампиони се враќа: Ќе се игра три дена, Елмас единствен Македонец

Новата сезона од Лигата на шампионите започнува вечерва, а првото коло ќе се игра дури три дена, од вторник до четврток, со секој ден закажани по шест натпревари.

Оваа сезона 36 клубови ќе играат против осум противници во една лига, додека осумте најдобри ќе се пласираат директно во осминафиналето.

Тимовите од 9-то до 24. место ќе играат бараж двомеч, што ќе резултира со уште осум учесници во осминафиналето, а вкупно 16 екипи ќе ја започнат нокаут-фазата.

Само еден македонски фудбалер ќе учествува сезонава, а тоа е Елиф Елмас и тоа благодарение на тоа што на крајот од преодниот рок се врати во Наполи, кој обезбеди учество како шампион на Италија. Наполи в четврток гостува кај Манчестер Сити, а Елмас е меѓу пријавените за настап во УЕФА.

Патем, новата Лига на шампиони има буџет од 2,5 милијарди евра, па на почетокот секој учесник добива 18,6 милиони евра, што е вкупно 670 милиони евра или 27,5% од буџетот.

Дебитанти се Боде/Глимт (Норвешка), Каират (Казахстан), Пафос (Кипар) и Унион Сен-Жилоаз (Белгија)

Финалето ќе се игра на 30 мај на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта, Унгарија.

Arena Sport ги има правата за емитување на Лигата на шампионите на територијата на Македонија и ќе ги емитува сите натпревари.

Вторник

18:45 часот

Атлетик - Арсенал (Arena Premium 1)

ПСВ - Унион Сен-Жилоаз (Arena Premium 2)

21:00 часот

Јувентус - Борусија Дортмунд (Arena Premium 1)

Реал Мадрид - Марсеј (Arena Premium 2)

Тотенхем - Виљареал (Arena Premium 3)

Бенфика - Карабаг (Arena Premium 4)

Среда

18:45 часот

Славија - Боде/Глимт (Arena Premium 2)

Олимпиакос - Пафос (Arena Premium 1)

21:00 часот

Баерн - Челси (Arena Premium 2)

Ливерпул - Атлетико (Arena Premium 1)

Ајакс - Интер (Arena Premium 4)

ПСЖ - Аталанта (Arena Premium 3)

Четврток

18:45 часот

Клуб Бриж - Монако (Arena Premium 1)

Копенхаген - Баер Леверкузен (Arena Premium 2)

21:00 часот

Манчестер Сити - Наполи (Arena Premium 1)

Њукасл - Барселона (Arena Premium 2)

Ајнтрахт - Галатасарај (Arena Premium 3)

Спортинг - Каират (Arena Premium 4)

Остантите кола ќе се играат по стандардната шема во вторник и среда.

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе