Пари Сен-Жермен го освои Суперкупот на УЕФА. Во драматичен натпревар, ПСЖ ја стигна предноста на Тотенхем од 0:2 со головите на Ли во 85-тата и Рамуш во 90+4 минута, а потоа во пенал серијата дојде до пехарот. Пенал рулетот „Светците“ го добија со 4:3.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по натпреварот изјави:
„Дали мислите дека заслуживме? Мислам дека Тотенхем заслужи да победи. Не ја заслуживме победата во првите 80 минути. Мислам дека Тотенхем заслужи да победи затоа што се чувствуваше како да се во форма и дека се во тренинг веќе 6 недели. Одиграа одличен натпревар. Ние тренираме само 6 дена, морам да кажам дека имавме голема среќа. Моите играчи веруваа до последната минута."
„Понекогаш фудбалот е нефер и морам да кажам дека во последните 10 минути имавме голема среќа што постигнавме два гола. Морам да кажам дека моите играчи, како и нашите навивачи, веруваа до последната минута, но фудбалот е непредвидлив и во таа смисла морам да кажам дека имавме голема среќа.“