Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако, според податоците на Transfermarkt, станал најбараниот фудбалер во светот.
Лукиќ привлече големо внимание по погодокот синоќа против Канада, кој воедно беше и негов прв гол во дресот на репрезентацијата на „Змајевите“ (Змејови).
Сепак, не само голот бил причина за огромниот интерес кај навивачите и скаутите. Според статистичките податоци, босанскохерцеговскиот напаѓач имал импресивен учинок во воздушните дуели и на натпреварот ги добил сите дуели во играта со глава.
Со тоа го надмина досегашниот рекорд што го држеше данскиот репрезентативец Јусуф Поулсен, што дополнително придонело за неговата популарност на Transfermarkt.
Лукиќ преку ноќ стана една од најинтересните фудбалски приказни во регионот, а останува да се види дали одличниот настап во репрезентативниот дрес ќе влијае и врз неговата пазарна вредност во наредниот период.
27-годишникот роден во Шабац, Србија, на клупски план настапува за романскиот У Клуж (скратено од Университатеа Клуж), каде минатава сезона постигна 20 голови на 39 натпревари во сите натпреварувања (15 голови во романската лига).
EL PRIMERO DE BOSNIA EN EL MUNDIAL. 12 AÑOS DESPUÉS DE SU ÚLTIMA VEZ EN UNA COPA DEL MUNDO ✨
— DAZN España (@DAZN_ES) June 12, 2026
Jovo Lukic desata a los suyos #DAZNMundial
Disfruta de TODO EL MUNDIAL SOLO en DAZN 🔗 https://t.co/RjsKPsNQ3g pic.twitter.com/LbmoM0qC9t