Престон Лајонс, најпознатиот клуб на македонската дијаспора во Австралија, приреди огромно изненадување во шестнаестинафиналето од Купот на Австралија елиминирајќи го големиот Њукасл Џетс и воедно бранител на куп пехарот.
Престон Лајонс почна лошо бидејќи со головите на Вил Добсон и Гркот Никос Вергос во 17-тата и 23. минута Њукасл поведе со 2:0. Уште тогаш сите помислија дека фаворитот не само што ќе се прошета на овој меч, туку и ќе ја наполни мрежата на македонскиот клуб, особено што Њукасл Џетс е клуб од елитната австралиска лига кој лани беше прв во регуларниот дел, додека Престон е клуб од националната дивизија. Дополнително, Џетс се актуелни освојувачи на Купот на Австралија.
На полувреме кај „Лавовите“ влегоа Метју Божиновски и Зак Лисолајски и почна пресвртот. Аргентинецот Науел Бонада со два гола во 55-тата и 62. минута израмни на 2:2, а за комплетниот пресврт се погрижи нововлезениот Даниел Лазаревски со гол во 90+2.
Натпревартот се играше на преполниот „Џенис Стил“ стадионот, кој е дом на Престон Лајонс.
Следува жрепка по која Престон Лајонс ќе го дознае противникот во осминафиналето.
Престон Лајонс лани беше на гости во Македонија и одигра пријателски натпревари со Вардар и Пелистер.