афкон 2025 мароко

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Репрезентација на Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации откако го победи Египет со 1:0 во првиот од двете полуфинални дербија.

Многумина го гледаа овој дуел низ призмата на судирот меѓу Садио Мане и Мохамед Салах, двајца лидери на големата ера на Ливерпул што го одбележа периодот зад нас.

Не е тајна дека Мане и Салах отсекогаш биле големи ривали, иако соиграчи кои го „влечеа“ Ливерпул, а денес Сенегалците имаа многу повеќе причини за славење.

Иако немаше многу возбуда и тимовите играа со многу претпазливост, Сенегал беше неспоредливо подобар, поконкретен и поофанзивен и на крајот заслужено славеше.

Во првото полувреме само Сенегал играше фудбал, додека Египет се бранеше. Во првиот дел од мечот Сенегалците имаа два обида од далечина, а од Египет не видовме ништо. На полувреме се замина без голови.

Продолжението донеси уште потешка игра и борба, и беше јасно дека момент на инспирација ќе го одлучи победникот на ова полуфинале.

Правдата беше задоволена во 78. минута кога Сенегал, кој беше единствен што се обидуваше денес, постигна гол по одличен шут на Мане.

Фудбалерот на Ал-Наср ја прими топката од далечина, а потоа со одличен удар од прва ја испрати во мрежата на египетскиот голман.

Дури тогаш Египет реши малку да се придвижи напред, бидејќи немаше што повеќе да изгуби, но немаше време и енергија да се врати во натпреварот.

Мечот заврши со сооднос 12:2 во шутеви, а Омар Мармуш го испрати првиот и единствен удар на Египет кон голот во 94. минута. Тоа доволно кажува кој беше подобар денес.

Сенегал се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации што се игра во Мароко, а нивниот противник ќе биде еден од пресметката на Мароко и Нигерија. Натпреварот е закажан за 21:00 часот со пренос на Arena Premium 4.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Фудбал

Азар: Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер

Read more

Откриени детали од расправијата на Роналдо со Тен Хаг: Португалецот излегол поголем инает

Read more

Мурињо и Бенфика повторно сакаат да ги соборат Кралевите

Read more

Франческо Тоти се враќа во Рома

Read more
 

Спорт

Азар: Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер

Читај повеќе

Откриени детали од расправијата на Роналдо со Тен Хаг: Португалецот излегол поголем инает

Читај повеќе

Вимблдон удри контра Ѓоковиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Цигарa во уста и вистински метли в рака: Како изгледаше карлингот пред 50 години?

Читај повеќе

Мурињо и Бенфика повторно сакаат да ги соборат Кралевите

Читај повеќе

Нови детали за борбата Тајсон-Мејведер

Читај повеќе

Леброн: Не знам дали ќе играм следната сезона

Читај повеќе

Франческо Тоти се враќа во Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено зошто Јута Лердам го откопчува тркачкото одело откако ќе ја мине целта

Читај повеќе