Марота: Идеален кандидат за Интер беше Киву, со сетa должнa почит кон Фабрегас

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, потврди дека Мануел Аканџи ќе биде откупен од Манчестер Сити и „со сета должна почит кон Сеск Фабрегас, но Кристијан Киву беше нашиот идеален кандидат“.

Киву и Бепе Марота

„Нераѕурите“ ја слават својата 21 титула во Серија А, прва што ја освоија со Марота како претседател, бидејќи тој беше генерален директор кога последен пат го освоија Скудетото во 2024 година.

„Ова е славен клуб кој е навикнат на победи, па затоа е важно што ја освоивме титулата три пати во пет години со три различни тренери“, изјави Марота за Radio Sportiva.

„Тоа значи дека создадовме победнички спортски модел“.

Зошто Интер го избра Киву за новата ера?

Неискусниот Киву беше избран откако Симоне Инѕаги побара да си замине само неколку часа по поразот во финалето на Лигата на шампионите со 5:0 од Пари Сен-Жермен. Се шпекулираше дека наводно веќе ги имал договорено условите со Ал-Хилал, но неодамна самиот Инѕаги откри дека причината всушност бил болниот пораз.

Во тоа време беше објавено дека упрвата на Интер прво се обратила до Комо за Фабрегас, а потоа до Киву откако им било кажано дека каталонскиот стратег не е достапен.

„Инѕаги донесе одлука да проба нешто различно, па се прашавме кое име да го предложиме“, рече Марота.

„Го оценивме Киву како личност која совршено одговара на профилот. Тренерот е клучна фигура и, со сета должна почит кон Фабрегас, Киву претставува идеален кандидат бидејќи знае што значи да се игра и да се победува со Интер.“

„Тој веќе имаше искуство во Серија А и ја однесе Парма на безбедно место, па затоа го избравме него. Вистина е дека немаше многу искуство како тренер, но сакавме да покажеме храброст со овој избор.“

„Сега тој е победнички тренер кој може да остане во Интер многу години.“

Пред да ја преземе работата во Парма на средина од сезоната, Киву работеше во младинската академија на Интер како тренер, каде што работеше со Франческо Пио Еспозито.

Тоа се покажа како исклучително корисно кога младиот играч импресионираше на Светското клупско првенство лани.

„Тој нè замоли да го задржиме Пио Еспозито во тимот, уште една работа на која сме горди.“

Пио Еспозито и Киву

Во меѓувреме, потврдено е дека Мануел Аканџи (во јули ќе полни 31 година) ќе биде откупен директно од Манчестер Сити, бидејќи во позајмицата има клаузула со која се активира опцијата за откуп во случај на освојување на Скудетото.

„Кога преговаравме за позајмицата, додадовме и опција за откуп покрај Скудетото. Имаме големо почитување кон него како играч и човек, па затоа тој ќе продолжи во нашиот тим“, заклучи претседателот на Интер.

Аканџи
реклама

Фудбал

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Read more

Босански програмери направија мега популарна апликација за размена на сликички за Светско

Read more

ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more
 

Спорт

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Читај повеќе

Босански програмери направија мега популарна апликација за размена на сликички за Светско

Читај повеќе

ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра

Читај повеќе

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Читај повеќе

Лаутаро вели дека Кејн е подобар од Халанд, објасни и зошто

Читај повеќе

Нојер се враќа како прв голман на Германија за СП 2026

Читај повеќе

Има 40 години, не играл од 2023 година: Јунајтед му дава нов договор

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета брутално искрен: Ќе бидам најголемиот навивач на Борнмут на сите времиња!

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар ќе оди на Светско, Педру ќе гледа на ТВ од дома

Читај повеќе