Матиќ ги пецна Џака и Шаќири: Зошто не играте за Албанија ако толку многу ја сакате?

Српскиот фудбалер Немања Матиќ во интервју за Four Four Two ги пецна швајцарските фудбалери Гранит Џака и Џердан Шаќири, кој играњето за репрезентацијата на Албанија го заменија со едноставни албански поздрави во дресот на Швајцарија.

Матиќ летоска му се придружи на Сасуоло, каде што се етаблираше во првиот тим. Оваа сезона одигра 16 натпревари, постигна еден гол, но има големо влијание врз самата игра и врз соблекувалната на овој тим.

Матиќ разговараше за порталот Four Four Two, каде што беше прашан за Џердан Шаќири и Гранит Џака, кои ги прославија головите против српската репрезентација на бурен начин кога играа за Швајцарија. И двајцата ги прославија своите голови на Светските првенства во 2018 и 2022 година со гестот на двоглавиот орел, симбол од албанското знаме.

Матиќ верува дека постигнале само политички поени

Матиќ, кој играше за Србија против Швајцарија на Мундијалот 2018 во Русија, остро го осуди нивниот потег. „Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколку пати во Премиер лигата. Но, тие постигнуваат евтини политички поени со овие ситници. Тие пораснаа, мислам, во Швајцарија. Со тоа не покажувате почит кон земјата за која играте. Ако толку ја сакате Албанија, зошто не играте за Албанија? Тоа е моето прашање“, рече Матиќ.

„Можете да сакате неколку земји, тоа не е проблем. Јас ја сакам Србија, тоа е мојата земја. Исто така ја сакам Англија, поминав многу време таму. Но, никогаш нема да кажам дека ја сакам Англија повеќе од Србија. Мора да бидете искрени“, додаде тој, заклучувајќи:

„Играв против Џака многу пати и никогаш немав проблем. Секогаш се ракувавме, тој е добар играч - како и Шаќири. Но, никогаш не би го направил тоа за да провоцирам некого. Ги почитувам сите.“

Шаќири е роден во Гнилање на Косово, тогаш во Југославија, но уште како бебе неговите емигрирале во Швајцарија. Ниту Албанија некогаш се обиде да го придобие, ниту пак тој некогаш јавно искажа желба да настапува за албанската репрезентација. Кога Косово доби дозвола од ФИФА да игра меѓународни натпревари, го повика Шаќири со оглед на тоа што по правилата на ФИФА како нова репрезентација имаше право да повлече играчи со косовско потекло иако играле за други репрезентации. Сепак, Шаќири го одби повикот. За Швајцарија одигра 125 натпревари и постигна 32 гола, а беше дел од 4 Мундијали (2010, 2014, 2018 и 2022) и 3 Европски првенства (2016, 2020 и 2024).

Џака е роден во Базел, Швајцарија, со потекло од Подуево на Косово. За разлика од Шаќири, Џака имаше желба да игра за Албанија. Иако ги помина сите младински репрезентации на Швајцарија, се двоумеше дали да го прифати повикот од сениорската. Тогаш јавно се пожали дека Албанската фудбалска федерација го игнорира неупатувајќи му повик, по што на крајот заигра за Швајцарија за која одигра вкупно 143 натпревари и постигна 16 голови. Неговиот постар брат Таулант подоцна заигра за Албанија. Настапи на 3 Мундијали (2014, 2018 и 2022) и 3 Европски првенства (2016, 2020 и 2024).

Иако и Шаќири и Џака не сакаа да се префрлат да играат за Косово, претходно и двајцата го ставија својот потпис на писмото пратено до ФИФА во кое се бараше на Косово да му биде дозволено да игра меѓународни натпревари.

На Мундијалот 2018 во Русија двете репрезентации се судрија во групната фаза, а Швајцарија победи со 2:1 со головите токму на Џака и Шаќири. Матиќ го одигра целиот натпревар. Србите добија шанса за реванш веќе на наредниот Мундијал 2022 во Катар, но повторно загубија, овој пат со 2:3 и повторно гол им даде Шаќири. Џака бепе капитен на овој меч и играч на натпреварот, а Матиќ беше веќе пезниониран од репрезентацијата.

Инаку, Матиќ по мајчина страна е Македонец од Тетовско. Неговиот дедо се преселил во Србија женејќи се со Србинка.

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Фудбал

Роналдо официјално под суспензија

Read more

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе