ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Филип Здравески
/ 14.01.2026 / 13:35

Цуркус е единствениот збор што може да се употреби за да се опише зимскиот трансфер период во редовите на скопски Вардар, а за тоа е виновен нивниот најдобар фудбалер - Угандиецот Роџерс Мато.

Откако синоќа лидерот во шкотската Премиер лига, Хартс оф Мидлотиан, објави дека клубот постигнал договор со Мато за него трансфер на лето откако ќе му истече договорот со Вардар на 30 јуни, сега Вардар објави дека ја прифатил милионската понуда на Спортинг Канзас Сити за трансфер на Мато уште во овој јануарски преоден рок.

„ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас, САД. Клуб што се натпреварува во најсилната МЛС фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кои тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси. Овој трансфер воедно ќе ѝ помогне и на струмичка Брера, која според договорот полага право на 20% од продажбата“, објави Вардар на својата официјална веб-страница.

„Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со напаѓачот од Уганда, Роџерс Мато, да стане играч на Хартс на лето“, стои во синоќешното соопштението на Хартс, кој додаде и дека со Мато се договориле за 3-годишен договор.

Останува да видиме како ќе заврши овој вардаров циркус, со оглед на тоа што, како што пренесуваат некои домашни спортски медиуми, Мато воопшто не се појавил на тренинзите на Вардар и не ги искористил ни авионските билети кои клубот му ги обезбедил за од Уганда да стигне во Анталија.

Договорот на Мато со Вардар истекува на 30 јуни и доколку клубот не го пртодаде сега ќе го загуби без отштета. Според Transfermarkt, вредноста на Мато изнесува 700 илјади евра. Хартс имаа понуда уште сега да го купат, но таа изнесуваше само 350 илајди. Вардар одлучи да ризикува, па иако ја прифатил понудата на Американците, на крајот фудбалерот одлучува каде ќе оди. Најдобро за Вардар би било Мато да замине во МЛС за кллубот да добие одлична сума, која и тоа како му е потребна по финансиските проблеми кои со години го мачеа.

За потсетување, Мато со Уганда учествуваше на Африканскиот куп на нации кој моментално се одржува во Мароко, а неговата репрезентација испадна во групната фаза. Мато постигна еден гол.

Сезонава играше одлучно во првата лига постигнувајќи 12 голови во 13 натпревари, а додаде и 2 асистенции. Постигна и 3 гола летоска во квалификациите за Конференциската лига. За репрезентацијата на Уганда има 41 натпревар и 8 голови.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Фудбал

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Read more

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Read more

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Read more

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Read more

Спорт

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Читај повеќе

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Читај повеќе

Одбојкарите со победа се простија од разочарувачкото ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Читај повеќе

Формула 1 го објави распоредот за 2027 година, зголемен бројот на спринт трки

Читај повеќе
  • play_arrow

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Читај повеќе

Седлоски повика 28 играчи за новата сезона во Лигата на нации

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Читај повеќе