Српскиот селектор дополнително го повика 17-годишниот бисер на Црвена звезда за претстојните мундијалски квалификациски натпревари против Албанија и Андора.
Поради откажувањата на Саша Лукиќ, Вања Милинковиќ Савиќ, Александар Катаи, Иван Илиќ и Коста Недељковиќ, селекторот Драган Стојковиќ упати дополнителен повик до Лазар Ранѓеловиќ, Вања Драгојевиќ и Василије Костов. Ова ќе беше неинтересна вест за македонската јавност да не беше името на Костов помеѓу повиканите.
Имено, 17-годишниот бисер на Црвена звезда е со македонско потекло и постоеше можност да заигра за Македонија. Меѓутоа, со оглед на неговиот талент и тоа што игра за младинските селекции на Србија уште од онаа до 15 години, беше јасно дека шансите Македонија да успее да го привлече се неверојатно мали.
Селектор репрезентације Србије Драган Стојковић за утакмице против Албаније и Андоре због проблема са повредама неће моћи да рачуна на Сашу Лукића (примицач), Вању Милинковића Савића (леђа), Александра Катаија (колено), Ивана Илића (лист) и Косту Недељковића (колено), док је под… pic.twitter.com/anf4lOXc20
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) October 6, 2025
Роден во мај 2008 во Белград, Костов е производ на Звезда, за која дебитираше минатата сезона кога имаше 16 години. Веќе е етаблиран во првиот тим, па повикот од популарниот Пикси воопшто не изненадува. Како офанцивец од средниот ред сезонава на 8 натпревари во српската Супер лига има 1 гол и 3 асистенции, а постигна гол и во Лига Европа во четвртокот кога Звезда загуби со 2:1 кај Порто. Неговата моментална вредност се проценува на 3,5 милиони евра.
Костов е уште еден од низата играчи со македонско потекло кои не играат за Македонија. Според извори до кои дојде редакцијата на Кајгана, ФФМ го нема контактирано Костов, а не се знае ниту дали поседува македонски пасош. Одредени медиуми претходно тврдеа дека има македонско државјанство, но таквите информации често се базираат на тоа што на профилот на играчот на Transfermarkt во графата Citizenship стои Србија и Македонија. Меѓутоа, од Transfermarkt за Кајгана потврдија дека тоа не секогаш значи дека играчот ги поседува двете државјанства, туку едноставно дека има потекло од втората земја.