МекTоминej поради проблеми со срцето ќе оди на операција

Макфакс/Кајгана
/ 01.09.2026 / 16:38

Фудбалерот на Наполи и шкотски репрезентативец Скот МекTоминеј ќе мора да се подложи на операција поради проблеми со срцевиот ритам, потврди италијанскиот клуб.

На 29-годишниот играч од средниот ред му е дијагностицирана срцева аритмија, за што ќе се подложи на хируршка интервенција во наредните денови. Како што е најавено, процедурата ќе се изврши со минимално инвазивен метод на пулсна аблација.

Според првите проценки, МекTоминej нема да биде долго отсутен од теренот. Се очекува да го пропушти периодот до првата репрезентативна пауза, а доколку закрепнувањето оди според планот, би можел повторно да биде достапен за Наполи во октомври.

Тоа значи дека ќе ги пропушти и четирите натпревари на Шкотска во Лигата на нации. Шкотите се во група заедно со Македонија, па македонските фудбалски гурмани нема да можат да го гледаат во Скопје на 3 октомври. Ќе ги пропушти уште и натпреварите со Словенија (гости и дома) и со Швајцарија (дома).

Проблемот со шкотскиот интернационалец се појавил за време на неделниот првенствен натпревар против Комо. МекTоминej го напушти теренот во втората половина од натпреварот, кој Наполи го загуби со 2:1, по што му биле извршени дополнителни медицински прегледи.

Неговото отсуство ќе биде значаен удар за Наполи, со оглед на тоа што МекTоминej стана еден од најважните играчи на тимот во текот на изминатите сезони.

Шкотланѓанецот особено блескаше во сезоната 2024/2025, кога одигра една од клучните улоги во освојувањето на шампионската титула од страна на Наполи. Одличните игри му донесоа признание за најдобар играч во Серија А за таа сезона.

МекTоминej потоа продолжи да игра важна улога во шкотската репрезентација, за која играше и на Светското првенство во 2026 година.

Од своето доаѓање во Наполи кон крајот на август 2024 година одигра 82 натпревара во сите конкуренции, постигна 27 голови (22 во Серија А) и запиша 10 асистенции.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Фудбал

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе