ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Меси: Болката е огромна… Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Макфакс/Кајгана
/ 21.07.2026 / 12:59

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство.

Фудбалерите на Аргентина не успеаја да ја одбранат титулата светски шампион, бидејќи беа поразени од Шпанија во финалето на Светското првенство 2026 со минимални 1:0.

Меси истакна дека ќе биде потребно време за да се опорави од поразот, но нагласи дека репрезентацијата ќе ги памети сите успеси што ги постигна во претходниот период.

„Болката е огромна и ќе биде потребно време оваа рана да заздрави. Сепак, ги чувам и сите добри работи… Натпреварите во кои направивме пресврт давајќи го својот максимум, моменти што ќе останат во нашите сеќавања засекогаш, како и поддршката од целата нација, која, со големата работа и труд на оваа група, ни овозможи повторно да бидеме меѓу најдобрите во светот.

Денес е тешко целосно да се цени големината на нашиот успех, но оваа група стигна до две последователни финалиња на Светските првенства.

Ви благодарам од дното на моето срце за секој поздрав и секоја порака. Уште еднаш успеавме да се обединиме како нација и да бидеме заедно, споделувајќи ја огромната гордост што сме Аргентинци.

Исто така, сакам да ѝ честитам на Шпанија за освојувањето на титулата“, напиша Меси.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Тагови
реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе