Меси имаше необична средба со Исланѓанец: Пред 17 години играше со татко му, сега против него

Аргентинската репрезентација ноќеска го победи Исланд во својот последен тест пред почетокот на Светското првенство, каде што ќе ја брани титулата планетарен шампион од Катар во 2022 година, а како и секогаш, ѕвезда на вечерта беше нејзиниот капитен Лионел Меси, кој овој пат имаше необична средба.

Магичниот гаучо доби стоечки овации од публиката кога влезе на теренот во второто полувреме, а кратко потоа намести пенал врз соиграч, па од 11 метри го донесе вториот од трите гола на својот тим. Неговата изведба беше особено ценета од Даниел Гудјонсен, иако го носеше дресот на поразениот ривал.

Причината е многу субјективна, бидејќи младиот исландски фудбалер му се обратил на Меси за да му пренесе поздрави од неговиот татко, Ејдур, со кого Меси, како постар тинејџер, некогаш ја делеше соблекувалната на Барселона и освојуваше трофеи. На почетокот на една голема кариера која трае толку долго и на толку високо ниво што тој ќе биде дел од уште едно Светско првенство.

„Ми рече: 'Се сеќаваш ли кој сум јас?' Бев изненаден во тој момент. Искрено, не се сеќавав бидејќи беше многу млад“, изјави Меси по мечот.

Според ESPN, најмладиот од тројцата синови на Ејдур Гудјонсен кога му пришол на Меси му рекол: „Здраво, ти играше со татко ми.“

Меси беше прекомандуван во првиот тим на Барса во сезоната 2004/2005. Најдобриот исландски фудбалер на сите времиња, Ејдур Гудјонсен, дојде во Барселона летото 2006 година од Челси и наредните три сезони ја делеше соблекувалната со Меси.

Даниел Гудјонсен е роден во март 2006 година во Лондон, пртед татко му да се пресели во Барса. И тој го дочека пориодот на Меси во Барса бидејќи младиот Исланѓанец играше за младинските категории на каталонскиот гигант од 2015 до 2019 година. Со наполнети 20 години има 5 настапи за Исланд и го чека првиот гол. Инаку е напаѓач, како татко му.

Што се однесува до мечот меѓу „Албиселесте“ и Исланѓаните, Аргентинците славеа со убедливи 3:0 со головите на Валентин Барко во 8. минута, Меси од пенбал во 72. и Тиаго Алмада 86. минута. Мечот се играше во Оберн, Алабама на „Џордан-Хер“ стадионот.

Remote video URL
реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Фудбал

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Read more

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Read more

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Read more

Спорт

  • play_arrow

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Читај повеќе

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Читај повеќе

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Читај повеќе

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина ја победи Швајцарија по продолженија и закажа пресметка со Англија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Белингам ја заврши норвешката бајка, Англија е полуфиналист

Читај повеќе
  • play_arrow

Викинзите доаѓаат по принцот Хари

Читај повеќе
  • filter

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Читај повеќе

Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

Читај повеќе