Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Макфакс/Кајгана
/ 18.05.2025 / 12:16

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе бидат запаметени како едни од најдобрите играчи на сите времиња. Нивната борба во Ла Лига траеше со години, а Аргентинецот се осврна на споменатото ривалство.

Во интервјуто што го даде за официјалната веб-страница на наградата Златна топка, Меси истакна како соперништвото со Роналдо влијаело врз двајцата:

„Против него секогаш беше борба. Спортски, беше прекрасно. Се туркавме еден со друг да бидеме подобри бидејќи двајцата сме исклучително конкурентни. Тој (Кристијано) секогаш сакаше да победи во сè, како и јас. Беше прекрасно време за нас, како и за луѓето што го сакаат фудбалот“.

Во периодот од 2008 до 2023 година, тие освоија дури 13 награди Златна топка, 8 пати лауреат беше Меси, а 5 пати Роналдо.

Меси и Роналдо ја одбележаа ерата на Ел Класико во XXI век. Тие му дадоа на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид една нова димензија, а одиграа еден против друг дури 30 натпревари во Шпанија.

Последниот судир во кој беа еден против друг беше кога Интер Мајами гостуваше кај Ал Наср во Саудиска Арабија, на пријателска.

реклама

Фудбал

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Read more

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Read more

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Read more

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Read more
 

Спорт

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Читај повеќе

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Читај повеќе

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Читај повеќе

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Читај повеќе

Пеп пред соочувањето со Реал: Кој не верува во пресврт, нека седи дома

Читај повеќе

Седлоски го откри составот за мундијалскиот бараж против Данска

Читај повеќе

Лапорта убедливо победи, останува претседател на Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Читај повеќе

Еден Азар под истрага

Читај повеќе