ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2025

Милан и Рома ќе трампаат голмани и напаѓачи

Филип Здравески
/ 03.07.2025 / 12:21

Двата калчолигаша подготвуваат необична размена овој летен трансфер период.

Првата размена треба да е на резервните голмани. Милан го мерка Пјерлуиџи Голини, кој покрај стандардниот Миле Свилар нема шанса во Рома, додека „Волчицата“ како негова замена го сака Марко Спортиело.

Голини во јануари се пресели во Рома од Аталанта, која од 2021 цело време го праќаше по позајмици (Тотенхем, Фиорентина, Наполи, Џеноа). Станува збор за квалитетен 30-годишен голман кој во Милан би можел да биде замена за Мајк Мењон доколку Французинот замине, за што има најави (Челси се интересира), но засега ништо конкретно.

Кога станува збор за втората трампа, тоа треба да биде со играчи од нападот. Новиот тренер на „Росонерите“, Масимилиано Алегри, е голем фан на корпулентниот украински репрезентативец Артем Довбик. Минатата сезона во Серија А, која му беше дебитантска, одигра 32 натпревара и постигна одлични 12 голови.

Милан планира да ја натера Рома да се откаже со Довбик со тоа што ѝ го нуди мексиканскиот репрезентативец Сантјаго Хименес. Тој во Милано пристигна во јануари од Фејнорд и на 14-те натпревари 5 пати се запиша во листата на стрелци. 24-годишникот моментално игра за Мексико на Голд купот, каде неговата репрезентација е во финалето. Нема постигнато гол.

Овие два клуба имаа успешна соработка минатото лето кога на позајмици ги разменија Теми Ејбрахам и Алексис Салемакерс.

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе