Миодраг Божовиќ е нов тренер на Вардар

Филип Здравески
/ 02.09.2026 / 13:26

Црногорскиот стратег ќе го гаси огнот во паднатиот шампион Вардар кој разочарувачките настапи во Европа ги круниса со 7 од можни 15 бодови во домашната лига.

Миодраг Божовиќ, познат како Гроф, е новиот шеф на стручниот штаб на ФК Вардар, соопшти клубот, информирајќи дека со него „Црвено-црните“ потпишале договор до летото 2028 година.

Поранешниот дефанзивец тренеската кариера ја започна во 2001 година, една година откако ги закачи копачките. Има водено бројни клубови, а од попознатите се московските Динамо и Локомотив, Ростов, Амкар, Арсенал од Тула, Крилја Совјетов, азербејџански Нефтчи, ирански Естеглал и последно подгорички Будучност, од каде си замина во мај годинава.

Има освоено две титули и тоа шампион на Србија со Црвена звезда во 2015/2016 и освојувач на Рускиот куп со Ростов во 2013/2014.

Неколкумина играчи што имаат тренирано под негова палка велат дека често на тренинзите знаел да употребува секс шеги, пишуваат руските медиуми Бо спорт, Meta Ratings и Cпорт-Экспресс.

По спогодбениот раскин на договорот со Аргентинецот Кристиан Фабиани, тимот изминатите три кола го водеше Матија Марков како в.д. тренер. Вардар имаше разочарувачки настап во Лигата на шампионите со Фабиани испаѓајќи уште во првото коло од фински КуПС, а потоа ниту во Конференциската лига не успеа да мине откако беше елиминиран од латвиска Рига. Дома, пак, почна со победа над Брегалница, но следуваше пораз од Шкендија среде Скопје, по што дојде до раскинот со Фабиани. Се продолжи со пораз на гости кај Струга, потоа победа дома со Силекс и реми на гости кај Тиквеш.

На Божовиќ во стручниот штаб ќе му помагаат неговиот сонародник Дејан Мрваљевиќ и тренерот на голманите Гого Јовчев, како нови лица покрај останатите тренери.

Вардар утре игра куп натпревар против третолигашот Овче Поле во Свети Николе, а потоа в понеделник во рамките на 6. коло од првата лига го пречекува Арсими.

Тагови
реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Фудбал

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Read more

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Спорт

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Читај повеќе
  • play_arrow

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Читај повеќе

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Читај повеќе

Скандал во Ф1: На 11 септември Вилијамс настапи со ретро-дизајн поврзан со Бин Ладен

Читај повеќе

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Читај повеќе

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Читај повеќе
  • play_arrow

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Читај повеќе