Модриќ и Џеко градат луксузен комплекс на Јадранот

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ и капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ќе градат хотел заедно на Јадранското Море. Тоа ќе биде уникатен проект што ретко се гледа на Балканот.

На јадранскиот брег, недалеку од Неум и во близина на границата со Хрватска, планирана е изградба на луксузен туристички комплекс „Tri sestrice“, чија вредност се проценува на околу 920 милиони евра. Станува збор за еден од најголемите проекти од ваков тип во регионот, а меѓу инвеститорите се познати фудбалски имиња - Лука Модриќ и Един Џеко.

Според хрватските медиуми, Модриќ веќе купил парцела во идното одморалиште, кое ќе се наоѓа само 10 километри од хрватската граница. Се вели дека неговото вклучување дополнително го зголемило интересот за целиот проект, пишува Večernji list. Во него е вклучен и Един Џеко, кој заедно со инвеститорот Виченцо Благаиќ веќе ја посетил локацијата каде што ќе се гради комплексот, иако не е познато колкав е неговиот финансиски удел.

На подрачјето определено за градба со години се решаваат инфраструктурни и имотно-правни прашања за да може проектот да се реализира. Идниот туристички центар ќе се простира на околу 260 хектари, веднаш до Јадранската магистрала, која ја посетуваат милиони туристи секоја година.

Планот предвидува изградба на 7 луксузни хотели со приближно 400 сместувачки единици, околу 500 апартмани, марина за јахти, голф терени, ресторани, барови, продавници, музеи, галерии, спортски објекти и популарен бич клуб. Од особен интерес е голф комплексот, за кој се резервирани повеќе од 200 хектари земјиште.

Remote video URL

Првата фаза од проектот ќе вклучува изградба на два хотела, луксузни вили и апартмани, мала марина и бич клуб. Точниот датум на завршување сè уште не е објавен, но инвеститорите очекуваат дека работите, откако ќе започнат во полн обем, ќе напредуваат со планираното темпо.

Доколку се реализира според објавените планови, комплексот „Tri sestrice“ би можел да стане една од најлуксузните туристички дестинации на Јадранот и целосно да го промени изгледот на тој дел од брегот.

реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе