УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ПЛЕЈОФ

Мурињо и Бенфика повторно сакаат да ги соборат Кралевите

Со денешните четири плејоф натпревари започнува борбата за место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Нема сомнение дека најголемото внимание ќе биде насочено кон натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, поточно тренерот Жозе Мурињо, кој седи на клупата на тимот од Лисабон и некогаш го водеше „Кралскиот клуб“.

Самиот Португалец зборуваше за овој натпревар, свесен дека се соочуваат со одличен тим.

„Не е потребно да се зборува за Реал. Трофеите кажуваат сè. Затоа овој прв натпревар ќе го играме со глави, со амбиции и самодоверба. Навикнат сум на вакви натпревари за време на мојата тренерска кариера, го правам тоа цел живот. Луѓето често мислат дека сè се одлучува на првиот натпревар, но не е така, особено кога играте против вакви тимови. Тоа не е вистина, ова е само прво полувреме, но свесен сум дека мора да го постигнеме најдобриот можен резултат за второто полувреме, кое ќе следи во Мадрид“, рече Мурињо.

Од друга страна, тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, повикува на претпазливост, бидејќи Бенфика е исклучително сериозен тим, предводен од исклучително талентираниот тренер Жозе Мурињо.

„Бенфика ќе биде многу добра и ние мора да бидеме подготвени. Имаат неверојатен лидер кој им кажува како да играат, а тоа е нивниот тренер. Нашата цел не е да се одмаздиме на Бенфика, нашата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите, а победата против Бенфика е чекор во таа насока“, рече Арбелоа.

Нема да има помалку возбудувања ниту во преостанатите три натпревари на денешниот распоред. Демотивираниот Јувентус по поразот во Дерби д'Италија гостува кај Галатасарај, Монако и ПСЖ играат во француското дерби, додека Борусија во Дортмунд ја пречекува незгодната Аталанта.

Вторник

18:45 ч.
Галатасарај - Јувентус (Arena Premium 1)

21:00 ч.
Бенфика - Реал Мадрид (Arena Premium 1)
Борусија - Аталанта (Arena Premium 2)
Монако - ПСЖ (Arena Sport 3)

Среда

18:45 ч.
Карабах - Њукасл (Arena Premium 1)

21:00 ч.
Клуб Бриж - Атлетико (Arena Premium 1)
Боде/Глимт - Интер (Arena Premium 3)
Олимпиакос - Баер Леверкузен (Arena Premium 4)

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе