УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ПЛЕЈОФ

Мурињо: Вини ми кажа едно, Престиани друго, не му верувам на никого 100%

Жозе Мурињо е посебен во секој поглед. Не за џабе го нарекуваат Специјалниот, бидејќи во средината на скандалот на натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, тој успеа да разговара и со Винисиус Жуниор и со Џанлука Престиани за тоа што било кажано што доведе до гнев на Бразилецот и 10-минутен прекин на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Разговарав со двајцата, Винисиус ми кажа едно, мојот играч ми кажа друго. Не можам да бидам левичар и да кажам дека му верувам на Престиани 100%, ниту можам да бидам десничар и да му верувам на Винисиус дека ја зборува вистината. Беше спектакл до голот. Почнавме одлично, Реал го промени натпреварот по половина час и доминираше. Винисиус постигна гол што само тој и Мбапе можат да го направат, а неговите соиграчи требаше да го носат на рамена, а не да се расправаат со 60.000 гледачи на стадионот“, рече Мурињо.

Во врска со црвениот картон што ќе го спречи да го предводи тимот во реваншот, Мурињо саркастично одговори:

„Бев исклучен затоа што реков нешто што е многу очигледно. Судијата имаше парче хартија на кое пишуваше дека Чуамени, Хујсен и Карерас можат да добијат жолт картон. Имам 1.400 натпревари зад себе и знам кога да видам кој може, а кој не може да добие жолт картон. Знам како функционира ова. Патем, Реал Мадрид заслужи да победи, а јас нема да дојдам затоа што не можам да седам на клупата, да одам во соблекувалната, да комуницирам со тимот. Тешко ми е, но асистентите ќе го одработат натпреварот.“

Реваншот во Мадрид се игра наредната среда.

Remote video URL
реклама

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Фудбал

Џеф Безос купува голем дел од Ливерпул

Read more

Вардар се раздели со аргентинскиот тренер

Read more

Премиер лигата е бисер за економијата: Носи 33 милијарди фунти и 107.000 работни места

Read more

Шокантна одлука: Пеп решил да се пензионира!?

Read more

Спорт

Џеф Безос купува голем дел од Ливерпул

Читај повеќе

Вардар се раздели со аргентинскиот тренер

Читај повеќе

Премиер лигата е бисер за економијата: Носи 33 милијарди фунти и 107.000 работни места

Читај повеќе

Шокантна одлука: Пеп решил да се пензионира!?

Читај повеќе

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Читај повеќе
  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе