МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Филип Здравески
/ 23.05.2025 / 13:37

Неделниот бараж за пополнување на првата лига нема да се игра на стадионот во скопската населба Чаир, туку во Кавадарци.

Градски стадион Кавадарци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, согласно денешното известување и барање од страна на Министерството за внатрешни работи, како и по итниот состанок кој се одржа меѓу претставници на ФФМ и МВР, донесена е одлука за промена на локацијата на бараж натпреварот за пласман во 1.МФЛ, соопшти Федерацијата.

Така, натпреварот Беса 1976 - Башкими 1947 ќе се одигра на 25 мај (недела) со почеток во 17:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

„Оваа одлука е донесена со цел натпреварот да се организира во услови, во согласност со проценките на безбедносните органи. ФФМ изразува благодарност за соработката со Министерството за внатрешни работи и ги повикува сите навивачи на фер и спортско навивање“, порачаа од ФФМ.

Ова значи дека Кавадарци викендов ќе биде домаќин на два натпревараи, со огелд на тоа што в сабота на истиот стадион се игра баражот меѓу Осогово од Кочани и Шкендија 77 од Арачиново за пополнување на втората лига.

Сите баражи од ФФМ се прогласени за висок ризик, а за Кајгана потврдија дека билети нема да се продаваат пред стадионите, туку истите се поделени на клубовите и тие ги продаваат на своите навивачи и симпатизери.

Тагови
реклама

Потврдено: Почна Ел Нињо, ќе биде екстремен

Read more

Трамп: Го ликвидиравме водачот на една од најопасните криминални организации во светот

Read more

Лукиќ собори рекорд и стана најбараниот фудбалер во светот

Read more

Рецепт на денот: Печен лосос со мед и лук

Read more

Фудбал

Лукиќ собори рекорд и стана најбараниот фудбалер во светот

Read more

Канада му забрани влез на фудбалерот обвинет за силување, Гана во проблеми

Read more

Американците го средија Парагвај и со победа го почнаа Мундијалот

Read more

Дембеле: Меси би можел повторно да го освои Светското првенство

Read more

Спорт

  • play_arrow

Лукиќ собори рекорд и стана најбараниот фудбалер во светот

Читај повеќе

Канада му забрани влез на фудбалерот обвинет за силување, Гана во проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците го средија Парагвај и со победа го почнаа Мундијалот

Читај повеќе

Дембеле: Меси би можел повторно да го освои Светското првенство

Читај повеќе
  • filter

Дали Американците воопшто знаат дека се игра Светско во фудбал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова е лицето на играч кој се обидува да разбере што кажува судијата на лош англиски

Читај повеќе

AS: Чави е непосакуван во Барселона

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемите промашувања на секое Светско досега

Читај повеќе

Како Гвардиол ќе се вклопи во сложувалката на Мурињо за Реал?

Читај повеќе