Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Најсилните европски фудбалски лиги започнуваат или веќе започнаа нова сезона, а шпанската Сегунда, или Ла Лига 2, се смета за најшарена на Стариот континент во моментов.

Шпанската Сегунда, иако е втора лига на оваа земја, е меѓу подобрите во Европа, ако не ги сметаме првите десет. Тука има многу квалитет, а многу великани на шпанскиот фудбал поминале низ ова ниво на натпреварување.

Минатиот викенд се одигра првото коло од Ла Лига 2, а оваа сезона во ова натпреварување ќе имаме вистинска разновидност што дава дополнителен шмек на оваа популарна лига.

Зошто Ла Лига 2 сезонава е една од најнеобичните во Европа?

Во новата сезона од натпреварувањето учествуваат еден странски тим, една шпанска енклава, два резервни тима од прволигашите, три островски клубови и еден клуб од поврзан остров.

Во лигата учествува Андора, професионален клуб од истоимената држава Андора кој се натпреварува во првенството на друга земја. Исто така, тука е и Сеута од истоимениот град-енклава на врвот на африканскиот континент кој периодов стана познат по големиот грам имигранти

Двата резервни тима се Реал Сосиедад Бе и Селта Фортуна, чии први тимови играат во елитното ниво на шпанското натпреварување.

Исто така, тука се и три островски клубови од различни острови. Мајорка од Балеарските Острови, како и Тенерифе и Лас Палмас од Канарските Острови.

Кадис е исто така интересна приказна, бидејќи клубот се наоѓа на поврзан остров. Тоа е град кој со Сан Фернандо на копното е поврзан со 11-километарски песочен рид.

Што се однесува до самата сезона, прв фаворит треба да биде Мајорка, која задржа добар дел од своите играчи откако испадна од Примера. Нормално, конкуренти за влез треба да бидат Алмерија, Лас Палмас, Жирона, Леганес, Кадис, Гранада, Ваљадолид...

Најубедливата победа во првото коло ја забележа клуб од друга земја. Андора ги изненади сите и ја победи Сеута со високи 5:1, што евентуално би можело да значи дека и тие ќе се борат за влез во елитата.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Фудбал

Комичен автогол во српската лига

Read more

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Read more

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе