ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Макфакс/Кајгана
/ 08.06.2026 / 10:42

Ирачкиот напаѓач Ајмен Хусеин беше задржан и испрашуван речиси 7 часа на Меѓународниот аеродром „О’Хара“ во Чикаго откако пристигна со репрезентацијата на Светското првенство. На Хусеин конечно му беше дозволено да влезе во Соединетите Држави, но на фотографот на тимот му беше забранет влез во земјата.

Според ирачки спортски службеник близок до репрезентацијата, телефонот на Хусеин бил проверен по пристигнувањето. По речиси седумчасовно испрашување, конечно му било дозволено да влезе во земјата.

Ирачката фудбалска асоцијација и самиот Хусеин, харизматичниот играч чиј гол му го обезбеди местото на Ирак на првенството, сè уште не го коментирале инцидентот.

Службата за имиграција и царина на САД, како и Министерството за внатрешна безбедност, не одговорија веднаш на барањата за коментар за настанот.

30-годишниот Хусеин има 94 настапи за Иран и постигато 33 гола, а настапува за Ал-Карма во домашната ирачка лига.

За разлика од Хусеин, фотографот на репрезентацијата, Талал Салах, не доби дозвола за влез во САД. Службеникот додаде дека Салах бил задржан повеќе од 10 часа и дека неговиот телефон бил проверен пред конечно да му биде одбиен влезот.

И покрај инцидентот, пристигнувањето на националниот тим предизвика ентузијазам кај навивачите кои се собраа на аеродромот во раните утрински часови за да ги поздрават своите херои. Ирак се враќа на Светското првенство за прв пат по своето деби пред 40 години.

Триесетгодишниот Хусеин предводи силна напаѓачка линија во која се и Али Ал-Хамади од Ипсвич Таун и талентираните млади Али Xасим (саудиска Ал-Наџма) и Јусеф Амин (кипарски АЕК).

Ирак е во групата И каде ќе игра против Франција, Сенегал и Норвешка. Првиот меч му е на 17 јуни точно на полноќ по македонско време (16 јуни во 21 часот по локално) против Норвешка во Фоксборо, Масачусетс.

Ирак одигра 1:1 на пријателската со Шпанија на 4 јуни во Ла Коруња а последната проверка ќе ја има утре против Венецуела во Бриџвју близу Чикаго, Илиноис.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Фудбал

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Read more

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Read more

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Read more

Спорт

  • play_arrow

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Читај повеќе

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Читај повеќе

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Читај повеќе

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина ја победи Швајцарија по продолженија и закажа пресметка со Англија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Белингам ја заврши норвешката бајка, Англија е полуфиналист

Читај повеќе
  • play_arrow

Викинзите доаѓаат по принцот Хари

Читај повеќе
  • filter

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Читај повеќе

Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

Читај повеќе