СЕРИЈА А 2025/2026

Наполи ги згасна шампионските соништа на Милан, само чудо може да го запре Интер

Во големото дерби од 31. коло од италијанската Серија А, фудбалерите на Наполи остварија вредна победа против Милан од минимални, но доволни 1:0.

Со овој триумф Наполи ги прескокна „Росонерите“ на табелата и го зазеде второто место, што очигледно ги згасна последните надежи на тимот на Масимилиано Алегри да го загрози лидерот Интер во борбата за Скудетото.

Првите 45 минути понудија вистинско тактичко надмудрување со неколку солидни ситуации пред двата гола. Милан првпат се закани во 13-тата минута кога Страхиња Павловиќ највисоко скокна по центаршут од слободен удар, но неговиот удар со глава заврши покрај десната статива.

Домашните играчи возвратија десет минути подоцна преку Леонардо Спинацола, кој се најде во добра позиција, но неговиот удар од далечина заврши покрај голот.

Се играше во 35-тата минута кога Кристофер Нкунку имаше добра шанса, но топката прелета неколку сантиметри покрај левата статива на Наполи, па резултатот на полувремето беше непопуларни 0:0.

Во продолжението Наполи одлучно тргна по трите бода. Веќе во 51. минута, Џоване биеше опасно од работ на шеснаесетникот, но мајк Мењан беше на висина на задачата и со одлична парада ја одби топката во корнер.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 74. минута кога Матео Политано влезе во игра наместо Леонардо Спинацола. Само пет минути подоцна, Политано брилијантно ја следеше акцијата, ја собра одбиената топка во шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада голманот на Милан за ерупција од ентузијазам на трибините и водство од 1:0 за Наполи.

Макс Алегри на крајот ги фрли сите свои карти во нападот, но одбраната на Наполи ги издржа сите напади.

Нашиот Елиф Елмас втор меч по ред почна се најде на клупата откако претходно беше редовен стартер во тимот на Антонио Конте. Влезе во игра дури во 85-тата минута на местото на Кевин Де Брујне.

Remote video URL

Со оваа победа, Наполи се искачи на 2. место со 65 бодови, додека Милан падна на третата позиција со 63 и е подалеку од Скудетото. Водечкиот Интер, кој во неделата ја декласираше Рома во другото дерби, има 72 бода и само чудо може да го спречи да го освои своето Скудето број 21.

реклама

Фудбал

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Read more

Каде исчезна моќната Германија?

Read more

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Read more

Спорт

  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ: Прв пат чувствувам срам

Читај повеќе

Сагата Мбапе-ПСЖ заврши без обвинение

Читај повеќе