Непредвидени проблеми за Аргентина: За во Ангола треба вакцинација, отпаднаа тројца

Триото репрезентативци од мадридски Атлетико, Молина, Алварес и Симеоне, не се вакцинираше против жолта треска и поради тоа отпадна од гостувањето во Ангола.

Аргентина прозорецот на ФИФА ќе го искористи за одигрување пријателска на гости кај Ангола во главниот град Луанда. Но, за влез во ова африканска зењмја е задолжителна вакцинација против жолта треска, што тројца играчи не го направија. Стануива збор за играчиуте Науел Молина, Хулиан Алварес и Џулиано Симеоне, сите од редовите на Атлетико.

„Тројцата фудбалери на Атлетико Мадрид се изоставени бидејќи не ги направија на време здравствените процедури поврзани со вакцината против жолта треска што им е потребна за да влезат во Ангола“, објави Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА).

Со оглед на тоа што репрезентативци од Атлетико се и Тиаго Алмада и Николас Гонсалес, кои примиле вакцина, можеби станува збор за бојкот против вакцинација на отпаднатите тројца.

Згора на тоа, поради повреда отпадна Енцо Фернандес од Челси, а поради повреди повик не добија и Пауло Дибала (Рома) и Франко Мастантуоно (Реал Мадрид). Селекторот Лионел Скалони дополнителен повик упати за Емилиано Буендиа од Астон Вила.

Лео Меси прими вакцина против жолта треска и ќе отпатува за Ангола, исто како и Лаутаро Мартинес.

На списокот се и четворица што чекаат деби: Кевиј Мак Алистер (Унион Сен-Жилоаз), Максимо Пероне (Комо), Хоакин Паничели (Стразбур) и Џанлука Престиани (Бенфика).

Дуелот Ангола - Аргентина е закажан за петок, 14 ноември, на стадионот „11 де Новембро“ (капацитет: 48.500) во Луанда од 18 часот.

Претходно низа невладини организации бараа од АФА да не прифаќа натпревар во Ангола откако летоска 30 лица загинаа во протести во Луанда против зголемувањето на цените на горивата. Аргенбтина првично за ноември имаше закажано патување на Ориентот и дуели со Јужна Кореја и Јапонија, но ги откажа за да оди во Ангола, што ќе биде и единствен меч оваа пауза.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Read more

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Read more

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Read more

Спорт

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе