Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

На прв поглед, стадионот на Хетафе изгледа како едно од оние места што се засекогаш поврзани со фудбалот и името по кое е препознатлив. Сепак, неговото помалку од три децении постоење крие необична приказна - стадионот бил именуван по човек што никогаш не одиграл ниту еден официјален натпревар за клубот, а потоа, четвртина век подоцна, тоа име исчезна од трибините.

Кога новиот стадион на Хетафе беше отворен во 1998 година, беше наречен „Колисеум Алфонсо Перес“. Алфонсо Перес е роден во Хетафе и беше еден од најпознатите спортисти што излегле од тој град. Играше за Реал Мадрид, Барселона и Бетис, ја претставуваше шпанската репрезентација (38 натпревари, 11 голови, играше против Македонија на мечот во Елче во 1995 година), освои олимписко злато во Барселона во 1992 година и беше дел од тимот на Реал Мадрид што освои титулата во Ла Лига.

Сепак, тој никогаш не го носел дресот на Хетафе.

Името на стадионот беше избрано по јавно гласање, и покрај тоа што никогаш не играл за локалниот клуб на сениорско ниво бидејќи само што почнал да тренира во Хетафе на 12 години, по една година се преселил во Реал. Перес потоа стана симбол на спортската гордост на градот. Од 1998 до 2023 година неговото име беше ставено покрај една од најпрепознатливите фудбалски згради во предградијата на Мадрид.

И потоа се случи пресврт.

Во 2023 година, во време кога шпанскиот фудбал веќе беше потресен од случајот Луис Рубиалес и дебатите за положбата на жените во спортот, Перес предизвика широки критики за неговите изјави за женскиот фудбал. Неговиот став дека машкиот и женскиот фудбал не треба да се споредуваат предизвика остра реакција на јавноста.

„Женскиот фудбал еволуираше, но тие мора да останат приземјени и да знаат дека во никој случај не можат да се изедначат со маж фудбалер“, рече Алфонсо во таа прилика, што го кошташе стадион.

Хетафе и градските власти решија да реагираат. Името Алфонсо Перес беше отстрането од стадионот со образложение дека стадионот треба да претставува вредности како што се еднаквост, солидарност и почит.

Оттогаш, остана само „Колисеум“, што всушност и не е вистинско име, туку едноставно значи колосеум.

Но, можеби еден ден ќе добие ново име.

Ако прашате голем дел од навивачите на Хетафе, може да има само еден кандидат - Хосе Бордаљас. Човек кој стана синоним за клубот, неговиот борбен дух и фудбалскиот идентитет.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Фудбал

Комичен автогол во српската лига

Read more

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Read more

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе