УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2026/2027

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Необична сцена беше видена синоќа на „Вестфален“, каде што Виљареал играше против Борусија во Лигата на шампионите. Пред натпреварот, шпанскиот клуб го информираше домаќинот дека само 39 навивачи купиле билети за гостинскиот сектор.

Сепак, она што се случи за време на самиот натпревар беше уште поневеројатно. И покрај најавата дека ќе има 39 гостински навивачи во Дортмунд, ниту еден навивач на Виљареал не се појави во гостинскиот сектор, а малкумината навивачи на „Жолтата подморница“ беа сместени во домашниот дел.

Од друга страна, Борусија Дортмунд повторно имаше огромна поддршка од трибините. Околу 77.000 домашни навивачи се собраа на Вестфален, па разликата помеѓу двете групи беше уште повпечатлива.

Зачудува незаинтересираноста на навивачите на Виљареал, особебно поради фактот што навивачите на клубовите од Големата петорка едвај чекаат европско гостување. Очигледно, поради некои икс причини тоа сега не беше случај со навивачите на Виљареал.

Што се однесува до самиот натпревар, домашниот тим успеа да постигне важна победа од 3:2 на крилјата на поддршката од своите многубројни навивачи. Откако првиот дел заврши без голови, Ренату Вејга си постигна автогол во 53. минута за водство на домашните. Тринаесет минути подоцна Сантјаго Моурињо израмни на 1:1, по што на сцена стапи Серху Гираси. Прво во 80-тата минута погоди за 2:1, пет минути подоцна реализираше пенал за 3:1, а во судиското надополнување си постигна автогол за конечни 3:2.

Remote video URL
реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе