Ново видео од тепачката во Белград: Делиите ја опколија полицијата и ја нападнаа

Се појави нова снимка од тепачка меѓу навивачите на Црвена звезда и полицијата, која покажува сериозен инцидент што избувнал пред натпреварот помеѓу Звезда и Линколн Ред Импс во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Откако Црвена звезда победи со 1:0 на гости, тимот од Белград, поддржан од своите навивачи, победи со 5:1 во реваншот дома, обезбедувајќи пласман во третото коло од квалификациите. Во следната рунда ќе се сретнат со полскиот Лех од Познањ.

Но, пред почетокот на реваншот против тимот од Гибралтар, се случи сериозен инцидент пред северната трибина на стадионот „Маракана“. Навивачите и припадниците на полицијата се судрија, а сè кулминираше во физичка пресметка.

Ново видео објавено на интернет прикажува драматични сцени во кои јасно се гледа дека популарните Делии ги опколиле полицајците од две страни и брутално ги нападнале.

По големиот инцидент, српското Министерство за внатрешни работи издаде соопштение.

„Непосредно пред почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу Црвена звезда и Линколн, кој се играше во Белград, имаше нарушување на јавниот ред и мир и напад врз полицајци, што резултираше со повреди на неколку полицајци. Министерството за внатрешни работи уште еднаш го привлекува вниманието на организаторите на спортски настани на обврските при организирање спортски настани кои се јасно дефинирани со Законот за спречување на насилство и несоодветно однесување на спортски настани, кој јасно и децидно му наложува на организаторот на спортски настан на кој начин и како да го организира. Министерството за внатрешни работи, во наредниот период, ќе ги обезбедува спортските настани со потребниот, но минимален број членови, бидејќи организаторите се должни, согласно законот, да обезбедат соодветен број работници за физичко и техничко обезбедување за одржување на редот во спортскиот објект. Министерството во оваа прилика посочува дека, во наредниот период, како и досега, максимално ќе го зголеми својот ангажман и активности за зачувување на стабилен јавен ред и мир“, се вели во соопштението.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Фудбал

Најстарите фудбалери на СП 2026: Од ѕвезди до анонимуси кои го живеат мундијалскиот сон

Read more

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Read more

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Read more

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Read more

Спорт

Најстарите фудбалери на СП 2026: Од ѕвезди до анонимуси кои го живеат мундијалскиот сон

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Читај повеќе

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Читај повеќе