Претстојново 6. коло во првата лига ќе биде необично поради фактот што дури три натпревари ќе се играат на ист терен.
Шкендија поради изградбата на нов стадион во Тетово сезонава мора да бара алтернатива, а иако најави играње во Гостивар, сепак првите неколку натпревари ги игра на теренот број 2 при Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во Ново Лисиче, Скопје. Таму има можност за играње под рефлектори, наместо на горештината.
Повратникот во елитата, Скопје од Автокоманда, иако имаше цело лето на располагање, еве уште како го нема приспособено својот стадион „Железарница“ за употреба на ВАР системот, па мора да се снаоѓа. Така, и скопјани привремено домуваат на теренот 2 на ФФМ, единствениот од трите терени во тренинг-комплексот на кој може да се игра прволигашки фудбал.
И за колово да настане вистински метеж, бидејќи и Шкендија и Скопје се домаќини, Вардар не може да ја користи Националната арена „Тодор Проески“ каде се вршат припреми за големиот концерт на Давид Гета во вторник на 8 септември, по повод прослата на 35-годишнината од независноста на Македонија. Така, и актуелниот шампион ќе игра на теренот 2 на ФФМ.
6. коло распоред:
петок
Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница - Шкендија 77 во 18:30 ч.
ФФМ ТЦ „Петар Милошевски“ терен 2 во Скопје
Шкендија - Тиквеш во 19:00 ч.
сабота
ФФМ ТЦ „Петар Милошевски“ терен 2 во Скопје
Скопје - Башкими во 16:30 ч.
понеделник
Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Силекс во 16:00 ч.
ФФМ ТЦ „Петар Милошевски“ терен 2 во Скопје
Вардар - Арсими во 19:00 ч.