Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Филип Здравески
/ 10.06.2026 / 15:29

Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари во првата лига за сезоната 2026/2027.

Фото: ФФМ

Според календарот, новата сезона почнува 25 јули, а есенскиот дел завршува со 18-тото коло на 13 декември, по што следува редовната зимска пауза. Сезоната продолжува со пролетниот дел на 13 февруари, а последното 36. коло е на програмата на 23 мај.

Во новата сезона првата лига ќе брои 10 клубови, два помалку од досега. Нови прволигаши се Брегалница, Скопје и Шкендија 77. Екипата од Арачиново е дебитант. Сезоната ќе има 36 кола бидејќи ќе се игра во 4 круга, односно секој со секого по 4 пати, двапати дома и двапати на гости.

Првото големо дерби е уште во 2. коло кога во Скопје ќе се сретнат фаворитите за титулата Вардар и Шкендија.

1. коло:

Вардар - Брегалница
Шкендија - Скопје
Струга - Шкендија 77
Силекс - Башкими
Тиквеш - Арсими

Од лигата ќе испаднат последнопласираните две екипи, а онаа што ќе заврши на 8. место ќе игра бараж против третопласираната екипа од втората лига. И во новата сезона ќе се користи ВАР системот.

Напоменуваме дека арачиновска Шкендија 77 допрва треба да се трансформира во акционерско друштво за да може да аплицира за лиценца за натпреварување во првата лига. Лиценцирањето го врши УЕФА и сите клубови учесници мора да бидат АД.

Дополнително, на денешниот брифинг со новинарите претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, информираше дека за Башкими има активна судска постапка поради минатогодишниот наместен натпревар со Кожуф во втората лига, а за кој има признанија од играчи и други лица. Но, напомена дека ФФМ може да постапува само по добивање на правосилна судска пресуда. „Сѐ додека нема таква пресуда, нема да исклучиме ниту еден клуб“, нагласи претседателот.

Во прилог распоредот за есенскиот дел (клик на сликата за поголема верзија):

Тагови
реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Фудбал

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Read more

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Read more

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Read more

Спорт

  • play_arrow

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Читај повеќе

Кејн искрен по тешката победа: Потезите на Белингам го променија текот на натпреварот

Читај повеќе

Скалони: Се мачевме, но најважна е победата

Читај повеќе

Халанд горд по елиминацијата: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина ја победи Швајцарија по продолженија и закажа пресметка со Англија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Белингам ја заврши норвешката бајка, Англија е полуфиналист

Читај повеќе
  • play_arrow

Викинзите доаѓаат по принцот Хари

Читај повеќе
  • filter

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Читај повеќе

Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

Читај повеќе