Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Филип Здравески
/ 19.08.2026 / 17:10

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри 2026 во Италија, каде што во групната фаза ќе се соочи со врсниците од Мароко, Тунис и Турција.

Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот на Игрите во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери.

Македонија натпреварите од групата А ќе ги игра во Франкавила Фонтана и Бриндизи, градови во околината на Таранто кои ќе преземат дел од натпреварите, исто како и Лече.

Распоред на натпревари:

22 август, 21:00 ч.
Стадион „Џовани Паоло II*“ во Франкавила Фонтана
Тунис - Македонија

24 август, 21:00 ч.
Стадион „Џовани Паоло II*“ во Франкавила Фонтана
Турција - Македонија

26 август, 10:30 ч.
Стадион „Фануци“ во Бриндизи
Македонија - Мароко

Селекорот Александар Таневски за натпреварите на Медитеранските игри повика 18 фудбалери, од кои тројца интернационалци. Од домашните играчи, 8 се од втората лига, а 7 од прволигашите. Со оглед на тоа што Игрите не се во официјални термини, составувањето на репрезентацијата беше со добра волја на клубовите. Така, на пример, второлигашките натпревари на Тетекс против Работнички и оној меѓу Дет. Плачковица и Охрид Лихнидос се одложени поради тоа што секој овие клубови има по двајца играчи на списокот.

Голмани:
Стефан Јованоски - Млада Болеслав (Чешка)
Давид Илоски - Пелистер

Одбрана:
Златко Радески - Тетекс
Адис Мурати - Башкими
Давид Голубов - Дет. Плачковица
Лука Атанасовски - Тетекс
Андреј Велков - Тиквеш
Андреј Мурџески - Скопје

Средина:
Омар Беровиќ - Скопје
Никола Манојлов - Силекс
Виктор Делов - Беласица
Емир Шаботиќ - Дет. Плачковица
Харун Незировски - Хелсинбориј (Шведска)

Напад:
Димитар Данев - Вардар
Салим Арифи - Митровица (Косово)
Марко Николовски - Охрид Лихнидос
Давид Матески - Охрид Лихнидос
Андреј Стојановски - Скопје

*Стадионот го носи италијанското име на поранешниот папа Јован Павле II.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Фудбал

Комичен автогол во српската лига

Read more

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Read more

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе