Освоија титула, па се ослободија од 11 играчи

Откако Лидс Јунајтед триумфално ја заврши сезоната во Чемпионшип и обезбеди враќање во Премиер лигата, клубот се соочува со турбулентно лето кое ќе донесе големи промени, особено во составот.

Клубот веќе најави значајна реконструкција - дури 11 играчи го напуштаат Еланд Роуд. Оваа одлука доаѓа веднаш по освојувањето на втората лига, а дополнително беше потврдена од спектакуларниот гол во последните моменти од решавачкиот натпревар, кој ја донесе титулата. Лидс се соочува со својот највозбудлив преоден рок во последните години, а потенцијалното доаѓање на аргентинскиот дефанзивец Леонардо Балерди привлекува особено внимание. Лидс наводно е подготвен да издвои 20 милиони евра за овој трансфер, што дополнително го зголемува ентузијазмот кај навивачите.

Во исто време, клубот води интензивни преговори во врска со нови засилувања и заминувања. Џошуа Гилавоги, кој пристигна пред седум месеци и беше важен фактор во враќањето во елитата, го напушта клубот откако не му беше понуден нов договор. Во своите клубови се враќаат и Манор Соломон (Тотенхем) и Џо Ротвел (Борнмут), по завршувањето на нивните позајмици. Соломон е особено запаметен по постигнувањето на десет гола, вклучувајќи го и решавачкиот гол за титулата против Плимут, додека Ротвел беше главна столб во средниот ред.

Меѓу оние кои исто така се збогуваат со Лидс се Хари Кристи, Сиан Колман, Конор Фергусон, Макс Мекфаден, Амари Милер, Крис Мур, Џо Ричардс и Џо Сноудон.

Во моментов се водат преговори за евентуално продолжување на соработката со двајца поискусни играчи - Сем Бајрам и Џуниор Фирпа - чии договори истекуваат ова лето.

Судбината на тренерот Даниел Фарке исто така останува неизвесна. Иако успеа да го врати клубот во Премиер лигата, не е познато дали ќе остане на чело на тимот пред новата, многу попредизвикувачка сезона.

реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе