Мигрантската криза во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, негативно влијаеше на дипломатските односи на европската земја со Мароко, па затоа првиот тим на Барселона нема да патува таму на пријателски натпревар.
Тимот на германскиот стручњак Ханси Флик требаше да биде гостин на Итихад Риади во Тангер, и требаше да игра на стадионот „Ибн Батута“ со капацитет од 75 илјади, но раководството на шпанскиот шампион донесе одлука да не патува, што можеше да се предвиди.
„Со оглед на моменталната неизвесност и околности, Барселона смета дека одржувањето на овој натпревар би било несоодветно“, објави клубот.
Official announcement ❗
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 6, 2026
Club rules out possibility of a friendly in Tangier ▶️https://t.co/mrfpvYFMH8
Шпанските власти објавија дека 70.000 луѓе се вратени во Мароко, а речиси 80 луѓе, вклучувајќи го и младиот марокански фудбалер Фатен Бен Амар Ел Азизи, се удавиле обидувајќи се да стигнат до шпанска почва.
Барселона одигра нерешено против Бирмингем 2:2, и беше подобра по изведувањето на пенали во првиот подготвителен натпревар пред следната сезона. Сега в сабота ќе учествува на првото издание на Фриули Венеција Џулија купот во Италија, каде ќе игра против Нотингем Форест и домаќинот Удинезе. Овие два натпревара се закажани за в сабота (од 21 и 22 часот) и се играат по италијански систем, секој меч по 45 минути. Се игра на стадионот „Фриули“ во Удине. Потоа во среда Барселона е домаќин на египетскиот гигант Ал Ахли.
Првиот официјален натпревар ќе биде во првото коло од Примера против Елче на гостински терен на 23 август во 21:30 часот.