Ова е последна ваква репрезентативна пауза во светот на фудбалот, знаете ли зошто?

ФИФА официјално ја потврди промената во репрезентативниот календар за периодот од 2026 до 2030 година.

Фото: ФФМ

Најважната иновација се однесува на спојувањето на септемвриските и октомвриските репрезентативни натпревари во еден продолжен период, што го намалува бројот на прекини на клупските натпреварувања во рана есен.

Според сегашниот систем, репрезентациите се собираа на почетокот на септември и средината на октомври и играа по два натпревара во секој од овие прозорци. Од 2026 година овие прозорци ќе бидат комбинирани во една тринеделна пауза кон крајот на септември и почетокот на октомври, во која тимовите ќе имаат можност да играат до четири натпревари.

Важно е да се напомене дека вкупниот број на репрезентативни натпревари на годишно ниво нема да се промени, но новата структура ќе донесе поголем континуитет во домашните лиги и ќе го олесни товарот врз клупскиот календар. Наместо две одделни паузи, сега ќе има само една, но подолга, што ќе биде особено корисно за клубовите од најсилните европски лиги како што се Премиер лигата, Серија А, Ла Лига, Бундеслига и други.

Тековниот календар на ФИФА предвидува пет меѓународни паузи годишно - во март, јуни, септември, октомври и ноември.

Одлуката за спојување на датумите беше донесена уште во март 2023 година на состанок на Советот на ФИФА, со согласност на сите шест континентални федерации. Првиот нов датум ќе стапи на сила на есен 2026 година, кога европските репрезентации ќе ги одиграат првите четири натпревари од новата сезона на Лигата на нации (2026/2027).

Според календарот, последните клупски натпревари пред таа пауза ќе се играат на 19 и 20 септември 2026 година, а националните првенства ќе продолжат три недели подоцна, на 10 и 11 октомври.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе