Петицијата против Мбапе стигна до 47 милиони потписи 

Килјан Мбапе се соочува со големо незадоволство од некои навивачи на Реал Мадрид. 

Французинот пристигна во Мадрид како големо засилување и трансфер од соништата, но сè повеќе е критикуван за неговото однесување, став кон тимот и неговото влијание врз играта. 

Незадоволството на навивачите отиде толку далеку што е покрената онлајн петиција  Mbappé  Fuera!/Mbappé Out./Мбапе, оди си! со која се бара негово заминување од клубот. Бројот на потписи расте од минута во минута.

Завчера попладне бројот на собрани потписи на петицијата беше 17,8 милиони. Во моментот на пишување, тој надмина 47,4 милиони

Слоганот на петицијата е: „Мадридисти, нека се чуе вашиот глас. Ако верувате дека промените се неопходни, не молчете. Потпишете ја оваа петиција и застанете за она што е најдобро за иднината на клубот“.

Одлични бројки, но сè повеќе критики

Статистички, Мбапе се покажа одлично откако пристигна во Реал. Во својата дебитантска сезона, тој постигна 44 гола, а во втората сезона досега, постигна 41. Сепак, дури и таквите бројки не беа доволни за да се избегнат критиките.

Некои навивачи и аналитичари веруваат дека Реал игра премногу еднодимензионално со него во тимот. Тој е критикуван за недостатокот на хемија со Винисиус Жуниор, неговиот послаб придонес во пресингот и недоволното враќање во одбраната.

Ваквите критики беа дополнително засилени по периодот во кој Реал, без Мбапе во почетниот состав, одигра еден од најдобрите фудбалски натпревари во сезоната. 

Пред репрезентативната пауза во март, тимот победи на пет натпревари, вклучувајќи два против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите и важна победа во мадридското дерби.

По враќањето на Мбапе во тимот, Реал победи само на еден од следните шест натпревари во сите натпреварувања, според тие извештаи.

Проблеми во соблекувалната

Критиките против францускиот напаѓач во последно време не се поврзани само со играта. Странските медиуми известуваат и за затегнатите односи во соблекувалната. 

Освен што Антонио Ридигер го удрил Алваро Карерас во февруари, и медиумите се полни со статии за наводната тепачка меѓу Орелјан Чуамени и Федерико Валверде, Мбапе исто така придонесе за ситуацијата.

Мбапе наводно се судрил со член на тренерскиот штаб на тренинг, по што дополнително се дистанцирал од остатокот од тимот. Некои навивачи се особено критични кон неговото заминување во Италија една недела пред Ел Класико, иако во тоа време се мачел со повреда на тетивата.

Неговиот договор е до 2029 година

Мбапе пристигна во Реал како еден од најдобрите играчи во светот, но во моментов минува низ најтешкиот период откако пристигна на Сантјаго Бернабеу. 

И покрај неговите импресивни бројки на голови, некои навивачи веруваат дека неговото доаѓање не го донесе очекуваниот пробив.

Реал Мадрид не освои ниту еден голем трофеј од неговото доаѓање. Мбапе има договор до летото 2029 година, а Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 200 милиони евра.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Read more

Фудбал

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Read more

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Read more

Како навивачите на Светско ќе може да внесат вода за пиење на трибини?

Read more

Спорт

  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе

Како навивачите на Светско ќе може да внесат вода за пиење на трибини?

Читај повеќе

Леао сака да го напушти Милан што е можно поскоро

Читај повеќе
  • play_arrow

Ремек-делото на Арда Ѓулер е гол на сезоната во Шпанија

Читај повеќе

ФИФА ги забрани вувузелите, но и пластичните шишиња со вода на трибините на Светско

Читај повеќе

ФФМ останува на своето: Ако спонзорот на Шкендија сака да се повлече, тоа е нивна одлука и ќе ја почитуваме

Читај повеќе

Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско?

Читај повеќе