Пионерите на Луцерн со 7:1 ги декласираа Алиша Леман и колешките, федерацијата се обиде да го скрие резултатот

Швајцарската женска фудбалска репрезентација загуби со 7:1 од пионерската екипа (У15) на Луцерн во пријателски натпревар кој беше затворен за јавноста.

Иако овој натпревар е дел од редовните подготовки за претстојното Европско првенство, снимките од поразот се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа жестоки реакции.

На тренинг-кампот на Швајцарија, каде што екипата на Пие Сундхаге се подготвува за дуелот со Чешка следниот четврток, се одигра натпревар против машката пионерска екипа на Луцерн, а единствениот гол за Швајцарија го постигна Алаја Пилгрим.

Снимките од овој натпревар, заедно со Алиша Леман, завршија на TikTok, каде што видеото беше прегледано речиси 70.000 пати за кратко време. Сепак, набрзо беше избришано.

Швајцарската фудбалска федерација одговори на јавните прашања, нагласувајќи дека ваквите тренинг натпревари не се невообичаени. Портпаролот на Федерацијата, Свен Микосе, застана во одбрана на своите фудбалерки.

„Во женскиот фудбал, вообичаено е да се игра против младински тимови за да се тестира натпреварувачкиот ритам и физичката подготвеност. Без оглед на резултатот, ваквите натпревари се многу слични на меѓународните натпревари во однос на интензитетот и физичкото оптоварување“, истакнаа од Швајцарската федерација.

За време на натпреварот против Луцерн, Сундхаге користеше дури 26 играчи, а во втората половина од натпреварот имаше целосна ротација, што значително влијаеше на играта. Интересно е и тоа што Надин Беи, третата голманка на Швајцарија, одигра 30 минути на голот за противничкиот тим.

Пред овој натпревар, Швајцарија веќе ги тестираше своите сили против пионерските тимови на Солотурн и Бил. Загубија со 2:1 од Солотурн, додека го победија Бил со идентичен резултат.

Експертите потсетуваат дека ваквите резултати не се невообичаени. Спортскиот научник од Келн, Ханс-Јирген Тричокс, објаснува дека женските тимови се многу побавни од машките тимови.

„Женските тимови се во просек за една третина побавни од машките. Мажите имаат поголема мускулна маса по пубертетот и играат со значително побрзо темпо. Професионалните женски тимови често губат од младински машки тимови - и ова не е исклучок, туку правило“, рече Тричокс.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Фудбал

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Read more

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Read more

Маурицио Сари примен во болница

Read more

Каде исчезна Чеферин?

Read more
 

Спорт

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе

Маурицио Сари примен во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде исчезна Чеферин?

Читај повеќе

Дали ни е потребна американизација на фудбалот? Првиот обид не успеа, сега доаѓа најлошото

Читај повеќе