Дејан Кулушевски (26), Македонец роден во Шведска, направи голем чекор кон враќање на теренот по сериозната повреда што го спречи да игра 512 дена. Како што пишува лондонскиот The Standard, Кулушевски играл на тренинг натпревар за време на репрезентативната пауза, што е негов прв настап по мај 2025 година.
Кулушевски учествуваше во натпревар 11 против 11 во тренинг-центарот „Хотспар Веј“ на Тотенхем. Играше за тим составен од играчи од првиот тим на Тотенхем против комбиниран тим составен од фудбалери од У18 и У21 тимот. Не е познато колку минути поминал на теренот или какви перформанси постигнал, но за 26-годишниот фудбалер ова е важен чекор по долгото закрепнување.
Кулушевски го одигра својот последен официјален натпревар на 11 мај 2025 година, кога Тотенхем загуби дома од Кристал Палас со 2:0. Тогаш ја повреди чашката на коленото, а проблемот се покажа многу посериозен отколку што првично се очекуваше.
Токогашниот тренер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, првично ја опиша повредата како мал проблем, но репрезентативецот на Шведска мораше да се подложи на две операции во период од 10 месеци.
Поради компликации и долго закрепнување, го пропушти остатокот од сезоната 2024/2025, целата сезпна 2025/2026, Мундијалот 2026 и почетокот на тековнава сезона.
На почетокот на септември се врати на тренинзи со првиот тим, но наскоро повторно мораше да престане да работи поради нови тешкотии. Тренерот Роберто Де Ѕерби објасни дека ова е чест проблем кај играчите кои биле надвор од терените толку долго.
Во меѓувреме, Кулушевски им се придружи на своите соиграчи, а сега, за прв пат по повредата, учествуваше на тренинг натпревар.
И покрај позитивните вести, сè уште не е познато кога Кулушевски повторно ќе игра во Премиер лигата. Медицинскиот тим на Тотенхем, предводен од директорот за фитнес и перформанси, Ден Левиндон, внимателно го следи неговото закрепнување и не сака да брза со неговото враќање.
Швеѓанецот сè уште не настапил под водство на Де Ѕерби, кој го презеде Тотенхем за време на неговото отсуство. Враќањето на Кулушевски би било голем поттик за лондонскиот клуб, кој има катастрофален почеток на сезоната.
Кулушевски превично настѕапуваше за млодиоснките категории на Македонија, но потоа се префрла кај Шведска со нмадеж ќе игра на Светско првенстно. Во првиот обид не успеа оти Шведска не се квалификува во Катар 2022, а при вотиот Швеѓаните успеаја да се изборат за место на Мундијалот 2026, но несудениот македонски репрезентативец го пропушти турнирот токму поради повредата