ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2025

Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Макфакс/Кајгана
/ 30.04.2025 / 20:11

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со ДиСи Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.

Според Washington Post и Athletic, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради т.н. правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.

Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.

„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на ДиСи Јунајтед за агенцијата France Presse.

Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, нема играно фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранетиот тестостерон.

32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што тренира индивидуално во очекување на трансферот.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе