Полскиот претседател го помилува озлогласениот лидер на навивачите на Легија

Полскиот претседател Карол Навроцки помилува три лица, вклучувајќи го и Пјотр Старухович, попознат по прекарот Старух, долгогодишен лидер на навивачите на Легија од Варшава, што ги шокираше полските политичари и медиумите.

Според полските медиуми, Навроцки ја укинал забраната на Старухович за присуство на спортски и други масовни настани и нареди неговата пресуда да се избрише од неговите досиеја. Неговиот адвокат, Кшиштоф Воншовски, ја потврди информацијата за весникот Fakt .

Кабинетот на претседателот не ги објави идентитетите на помилуваните лица, но рече дека една од одлуките е донесена во случај на лице осудено за присуство во дел од стадионот што не е предвиден со неговиот билет за време на масовен настан.

Адвокатот Вашовски потврди дека станува збор за Старухович.

„Денес, претседателот го искористи своето уставно право да помилува и ја укина забраната за стадион на мојот клиент“, рече Вашовски.

Старухович со години е еден од најпрепознатливите лидери на навивачите на Легија, одговорен за организирање на навивањето на трибините.

Доби двегодишна забрана за влез на стадионите по натпреварот на гости во Лублин против Мотор, кога го предводеше навивањето од трибините. Судот пресуди дека тој бил на место кое не е наменето за гледачи, иако Старухович тврдеше дека имал пропусница што му овозможувала пристап до тој дел од стадионот.

Во декември минатата година, додека гостуваше во емисијата на Kanal Zero, јавно побара од претседателот Навроцки да го помилува. Претседателот одговори дека е запознаен со случајот и дека го разгледува неговото барање.

Старухович со години е една од најконтроверзните личности меѓу полските навивачи. Во 2010 година се најде во центарот на вниманието кога извикуваше навредливи слогани за време на едноминутното молчење за Јан Вејхерт, по што беше отстранет од стадионот од страна на обезбедувањето и доби двегодишна забрана за влез од неговата Легија.

Подоцна неколку пати се појави на суд. Иако беше ослободен од обвиненијата за трговија со дрога во 2016 година, беше осуден за физички напад врз поранешниот фудбалер на Легија, Јакуб Жежњичак, а претходно доби условна казна за напад врз навивач на лутиот градски ривал Полонија.

Помилувањето предизвика широки реакции во полската јавност и политика.

Се прашувам какви граници треба да премине Навроки пред луѓето што мислат дека е 'негов човек' и 'секој што не се зафркавал по шумата како дете не го познавал животот' да сфатат дека неговото однесување е некомпатибилно со достоинството на неговата функција? Сериозно, дали до толку го нормализиравме хулиганството?“, адвокатот, активист за човековии права и европратеник Кжиштоф Шмишек од партијата Nowa Lewica (Нова Левица).

Министерот за внатрешни работи Марчин Кјервињски рече дека „помилувањето на некој како Старух покажува за каква Полска сонува претседателот Навроцки“.

Членот на Европскиот парламент и ЛГБТ активист, Роберт Бједроњ, од Nowa Lewica, рече дека е парадоксално што претседателот е подготвен да помилува познат хулиган, а истовремено да заземе конзервативни ставови за други социјални прашања, како паровите што живеат во вонбрачна заедница, алудирајќи на ЛГБТ припадниците.

„Карол Навроцки помилува фудбалски хулиган кој беше исклучен од стадионите пред неколку месеци. Имаме претседател кој нема никаква почит кон милионите Полјаци што живеат во неформални врски, а сепак е цврст застапник на фудбалските хулигани...“, напиша Бједроњ.

Европратеникот Кшиштоф Брејза од партијата Platforma Obywatelska (Граѓанска Платформа), исто така, се придружи на критиките, потсетувајќи на бурното минато на Старухович и бројните инциденти поради кои со години важеше за една од најконтроверзните личности на полската навивачка сцена.

„Удри еден фудбалер оти не беше задоволен од неговата игра, претепа навивач на друг клуб, а по смртта на еден од основачите на TVN скандираше кон хулиганската толпа: 'Уште еден!' Пјотр С., познат како Старух, денес беше помилуван од Навроцки. Карол Навроцки – истражувач на моралните длабочини...“, напиша Брејза на Х.

реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе