СЕРИЈА А 2024/2025

Поради можна мајсторка: Интер и Наполи в петок ќе решаваат за Скудетото

Лега Серија А објави дека натпреварите на Наполи и Интер од последното коло за оваа сезона ќе се одржат в петок навечер: два натпревари кои конечно ќе ја решат титулата... или ќе донесат мајсторка.

Само еден бод ги дели Наполи и Интер на врвот на табелата во Серија А, а останува уште еден натпревар по ремито 0:0 помеѓу „Партенопеите“ и Парма и ремито 2:2 помеѓу „Нераѕурите“ и Лацио во недела вечер.

Со оглед на тоа што сè уште постои можност за мајсторка доколку двата тима ја завршат сезоната со ист број на бодови, и со оглед на тоа што Интер учествува во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај, се појави проблем со распоредот што доведе до несогласувања околу датумите за последното коло од тековнава сезона 2024/2025.

Несогласувањата сега се надминати, бидејќи е донесена одлука натпреварите Наполи - Каљари и Комо - Интер да се играат во 20:45 часот во петок навечер (23 мај). Хендикеп за двата тима ќе биде тоа што од клупата нема да можат да диригираат Антонио Конте и Симоне Инѕаги, кои добија црвени картони на синоќешните натпревари.

Сите други осум натпревари закажани за последното коло од сезоната 2024/2025 во Серија А ќе се играат или во сабота или во недела (24 или 25 мај).

Одлуката дојде по денешниот состанок на Советот на лигата. Советот се состана рано наутро, но нивниот состанок беше речиси веднаш прекинат откако стана јасно дека сè уште има несогласувања околу распоредот за последното коло од сезоната.

На крајот, разговорите повторно започнаа и конечно беше донесена одлука натпреварите на Наполи и Интер да се играат во петок навечер, а останатите натпревари во сабота и недела. Во сабота се ставени натпреварите кои не одлучуваат ништо, додека в недела во исто време ќе се играат одлучувачките натпревари за пласман во Лигата на шампионите и за испаѓање во Серија Би.

Распоред за последното коло:

Петок, 23 мај - 20:45

Наполи - Каљари
Комо - Интер

Сабота, 24 мај - 18:00

Болоња - Џеноа

Сабота, 24 мај - 20:45

Милан - Монца

Недела, 25 мај - 20:45

Венеција - Јувентус
Лацио - Лече
Удинезе - Фиорентина
Торино - Рома
Аталанта - Парма
Емполи - Верона

Мајсторка би се играла само во случај доколку Наполи загуби дома од Каљари, а Интер одигра нерешено на гости кај Комо. Во тој случај би имаше ист број на бодови и идентичен меѓусебен скор, поради што правилата налагаат да се игра мајсторка. А, пак, евентуалната мајсторка би се играла во понеделник. Сепак, такво сценарио е малку веројатно, но Серија А не сака да остави ништо на случајноста.

Табела:

реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Read more

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе