Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Макфакс/Кајгана
/ 16.04.2026 / 20:35

Швајцарскиот клуб Базел ги објави првите фотографии и нови детали за пожарот што избувна минатиот петок во соблекувалните на Сент Јакоб-Парк. Штетата е огромна, а поради инцидентот, лигашкиот натпревар против Тун, кој требаше да се игра минатиот викенд, исто така беше одложен. Во пожарот нема повредени, пишува bluewin.ch.

Пожарот избувна во петокот вечерта, а го изгаснаа професионални пожарникари и волонтери од Базел.

„Целата опрема за фудбалерите, материјали за тренинг, тренерска опрема – сè е изгубено“, изјави портпаролот на клубот Симон Валтер во саботата.

Клубот во средата објави дека првите официјални истраги, завршени до вторник наутро, покажаа дека пожарот започнал во просторот на сауната.

Крилото А, кое ја вклучува клучната инфраструктура на клубот, како што се соблекувални, тренерски канцеларии, физиотерапија, складирање на опрема и велнес зона, се смета за целосно уништена.

Иако пожарот беше претежно ограничен на сауната и соседните простории, остатокот од крилото претрпе непоправлива штета.

Во крилото Б, каде што се наоѓаат медиумската зона, гостинската соблекувална и просторијата за контрола на допинг, штетата исто така е обемна. Сепак, клубот се надева дека барем дел од тој простор би можел да се спаси, а подетални наоди се очекуваат во наредните недели.

Во Базел проценуваат дека уништените простории нема да можат да се користат до крајот на сезоната.

„Главен приоритет на клубот сега е да се обезбеди играње на преостанатите три домашни натпревари во тековната сезона“, соопшти клубот, додавајќи дека интензивно работат на наоѓање соодветни алтернативни решенија.

Базел е еден од најтрофејните швајцарски клубови, со 20 освоени титули во лигата и 13 освоени купови.

Тагови
реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Фудбал

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Read more

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Read more

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Read more
 

Спорт

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мексико сака да има најдобра патека: Започнаа работите вредни милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Читај повеќе

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Читај повеќе
  • play_arrow

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Читај повеќе

Почина големaта шампионка Малесе откако колабираше на тренинг

Читај повеќе

Американците без Кардосо на Мундијалот

Читај повеќе

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Читај повеќе