КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Познати се уште 6 учесници на Мундијалот, остануваат 20 места

По вчерашните натпревари имаме 6 нови учесници на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико.

Англија стана првиот квалификант од Европа откако ја победи Латвија на гостински терен со убедливи 5:0, а во ноември ќе дознаеме кои ќе бидат уште 11 учесници од Стариот континент, по што ќе следат преостанатите 4 во баражот.

Саудиска Арабија и Катар се квалификуваа како седма и осма азиска репрезентација.

Саудиска Арабија ремизираше 0:0 со Ирак, што им беше доволно за да се квалификуваат на Светското првенство поради подобрата гол-разлика, додека Катар ги победи Обединетите Арапски Емирати со 2:1, прескокнувајќи ги на табелата и обезбедувајќи го своето место на Светското првенство.

Вчера, на Светското првенство заминаа и три африкански репрезентации, со што бројот на тимови од тој континент кои се квалификувале на Светското првенство се искачи на 9.

Јужна Африка го обезбеди своето место со победа од 3:0 над Руанда, Сенегал со победа од 4:0 над Мавританија, а Брегот на Слоновата Коска со победа од 3:0 над Кенија.

Засега, на Светското првенство ќе учествуваат домаќините Канада, САД и Мексико, како и Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелен ’Рт, Јужна Африка, Сенегал, Брег на Слоновата Коска, Јапонија, Иран, Јордан, Узбекистан, Јужна Кореја, Австралија, Саудиска Арабија, Катар, Нов Зеланд, Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај, Парагвај, Колумбија и Англија.

Досега има три дебитанти и тоа Јордан, Узбекистан и Зелен ’Рт, како и неколку повратници како Јужна Африка, Нов Зеланд и Парагвај кои последен пат учествуваа во 2010, Алжир и Брег на Слоновата Коска со последно учество во 2014, а Колумбија и Египет во 2018. Сите останатитем, вклучително и трите кодомачини, учествуваа на собирот во Катар 2022.

Останува да ги дознаеме уште 15 репрезентации од Европа, 3 од Северна и Централна Америка, а 2 преку меѓуконтинентални бараж натпревари закажани за март 2026.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе