1.МФЛ 2025/2026

Празник под рефлектори во Битола, предигра во Скопје

Филип Здравески
/ 08.04.2026 / 11:24

Во рамките на 26. коло во македонската прва лига денеска на програмата се два интересни дуели, од кои еден е познатото Дерби на Македонија вечерва под рефлектори во Битола.

Од дербито во ноември лани; Фото: ФК Пелистер Битола

Прво од 15:30 часот на Терен број 2 во рамките на Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ ќе играат Работнички и актуелниот шампион Шкендија. Дебармаалци се хит пролетнава полусезона откако зимската пауза ја искористија за комплетен ремонт на тимот откако есента беа очајни завршувајќи претпоследни на табелата. Во одлична форма се со 4 победи во низа (Струга 2:1, Силекс 2:0, Башкими 2:1, Арсими 1:0) и атакуваат на три бода дури и против силната Шкендија.

„Подготвени сме за надигрување. Самодовербата на тимот е на максимално ниво и сакаме да ја искористиме добрата форма за да освоиме бодови и на денешниот натпревар. Шкендија е квалитетен тим, но Работнички и во Струга пред три дена покажа дека може рамноправно да се носи и да ги победува и најдобрите. Верувам дека мојата мрежа ќе мирува, и дека ќе успееме да освоиме нови бодови, кои ни се многу важни во борбата за опстанок“, вели поранешниот репрезентативен голман на Камерун, Фабрис Ондоа, кој на последните натпревари брани одлично за „Романтичарите“.

Тетовчани во Скопје доаѓаат по големото разочарување минатото коло кога на домашен терен загубија од Пелистер, директниот конкурент на Работнички во битката за опстанок. Загубата на планираните три бода ги стави на -3 бода од лидерот Вардар, па оттаму, нов кикс за Шкендија може да значи и крај на надежите за одбрана на титулата.

„Во модерниот фудбал нема лесни натпревари. Работнички доаѓа од добра серија, но кој најмногу ја сака победата и кој најмногу се труди на теренот, тој го добива резултатот. Мора да бидеме одговорни и максимално фокусирани. Ако дадеме 100% од себе, со оглед на квалитетот што го имаме, Шкендија нема да има проблеми да го добие натпреварот“, смета Арбин Зејнулаи од тетовскиот табор.

Работнички - Шкендија

Тренинг-центар „Петар Милошевски“ терен 2 во Ново Лисиче, Скопје
Почеток: 15:30 ч.
Влезница: 100 ден
Пренос: МРТ3 и МРТ2
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)
Помошници: Мартин Петковски (Куманово) и Вјолца Изеири (Гостивар)
Четврти судија: Ндерим Тефику (Куманово)
ВАР: Бењамин Ќерими (Скопје)
АВАР: Дарко Видиниќ (Скопје)

Големото дерби, познато како Дерби на Македонија, се игра вечер во термин како што му доликува: 20:00 часот под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Битолчани грчевито се борат за опстанок и во дербито влегуваат осоколени по гостинската победа над Шкендија, која стави на крај на низата од 7 натпревари без победа. И тоа каков почеток беше тоа за новиот тренер Марјан Секуловски.

„Најголемото македонско дерби за цела Македонија претставува вистински спектакл – натпревар кој сите со нетрпение го очекуваат, како поради случувањата на теренот, така и поради атмосферата на трибините. Победата во Тетово не ни донесе само три бода, туку и многу повеќе од тоа. Може да се покаже како еден од клучните пресврти во сезоната, за жал во борбата за опстанок. Тоа го напоменав и претходно – дека победа против некоја од првите четири екипи може да ни донесе голем пресврт. Токму тоа се случи пред дербито, против Шкендија, која според мене е најдобрата екипа во Македонија и игра најдобар фудбал. До навивачите нема што многу да им порачам – тие се нашиот дванаесетти играч. Очекуваме да дојдат во што поголем број и да нè бодрат до последната секунда. Дерби како дерби, може да го реши една грешка, може да се постигне гол во последните моменти, како минатата сезона. Затоа ни е потребна поддршка сите 90 минути, а на крајот се надевам дека заедно ќе се радуваме на победата“, вели капитенот на битолчани, поранешниот репрезентативец Мирко Ивановски.

Вардарци нема да бидат сами во Градот на конзулите оти навивачката група Комити најави организирано гостување. По изненадувачкиот кикс и поразот на гостувањето кај Арсими, минатото коло Вардар ја декласираше Македонија ЃП во меч во кој пет различни играчи постигнуваа голови. „Црвено-црните“ во Битола патуваат со трите бода во мислите, но и ќе се надеваат дека нивните соседи од Градскиот парк ќе им направат услуга и ќе ѝ откинат бодови на Шкендија. Од друга страна, нов кикс на Вардар и победа на Шкендија повторно ќе ја стесни битката за титулата.

Од Пелистер известија дека седиштата на трибините ќе бидат нумерирани и ги замолуваат посетителите да седат исклучиво на седиштето кое е означено на нивната карта. Воедно, ќе бидат отворени влезовите 4, 5, 6 и 7, а сите што имаат купено влезници за Блок 3 да влегуваат преку Влез 4, а за Блок 8 преку Влез 7.

Од двата натпревара ќе има директен пренос на МРТ за сите оние што нема да бидат во можност да присуствуваат на лице место.

Пелистер - Вардар

Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Почеток: 20:00 ч.
Влезница: 200 ден
Пренос: МРТ3
Главен судија: Доне Ристовски (Гевгелија)
Помошници: Тоше Ицев (Кавадарци) и Александар Ѓорѓески (Тетово)
Четврти судија: Александар Урошевиќ (Тетово)
ВАР: Влатко Илиоски (Прилеп)
АВАР: Борис Траков (Прилеп)

Табела:

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе