Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ (директор за национални асоцијации во УЕФА), како и Денис Бастари (раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА).

Во рамки на посетата на нашата држава Чеферин оствари средба на највисоко ниво со претставници на Владата на Република Македонија, со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, по што следуваше и работен состанок во „Куќа на фудбалот“.

Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, ја истакна важноста на посетата, со посебен акцент на реформите и развојот на македонскиот фудбал во изминатиот период.

„Посетата на Александер Чеферин е вистинска потврда на нашето пријателство и искрениот однос што го имаме со раководството на УЕФА. За нас е особено важно што во изминатата година спроведовме сериозни реформи во повеќе сегменти, од структурни и организациски промени, преку подобрување на инфраструктурата, до јасна стратегија за развој на младинскиот фудбал. Споделивме вредни информации за состојбите во фудбалот во Македонија и регионот и отворено разговаравме за клучните теми. Оваа поддршка и разбирање од УЕФА е силен поттик да продолжиме со реформите и да го развиваме македонскиот фудбал на највисоко можно ниво“, изјави Масар Омерагиќ.

Чеферин и Омерагиќ на Меѓународниот аеродром „Скопје“; Фото: ФФМ

Тој имаше и низа пофалби за Словенецот на челото на УЕФА.

„Чеферин со знаење, храброст и одлучност го води европскиот фудбал низ големи предизвици во изминатите години и сите сме уверени дека и понатаму, на ист начин како досега, ќе го штити и развива европскиот фудбал. Се покажа како личност која е способна истовремено комерцијално да ги развива елитните натпреварувања на УЕФА, од Лигата на шампионите до Европското првенство, а истовремено да ја чува базата и да инвестира во развојот на фудбалот низ цела Европа. Горди сме на одличната соработка на нашата федерација со УЕФА“, истакна Омерагиќ.

реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Фудбал

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Read more

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Read more

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Read more
 

Спорт

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мексико сака да има најдобра патека: Започнаа работите вредни милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Читај повеќе

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Читај повеќе
  • play_arrow

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Читај повеќе

Почина големaта шампионка Малесе откако колабираше на тренинг

Читај повеќе

Американците без Кардосо на Мундијалот

Читај повеќе

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Читај повеќе