ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Претставена топката за Мундијалот 2026, специјални сензори ќе им помагаат на судиите

Adidas официјално ја претстави топката што ќе се користи на Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико.

Новата топка се вика Trionda, што на шпоански значи „три брана“. Веќе привлече големо внимание поради својот иновативен дизајн и технологија.

Trionda се издвојува бидејќи е составена од само четири панели, најмалку во мундијалската историја. Токму овој минимализам носи совршена аеродинамична форма и попрецизно движење во воздухот, а во исто време обезбедува стабилност и контрола за време на играта.

Дизајнот на топката е инспириран од земјите домаќини, со бела позадина на која доминираат црвени, зелени и сини детали, бои што ги симболизираат Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.

Посебна димензија на топката ѝ дава и connected ball technology (технологија на поврзана топка) - вградени сензори што го следат секој допир, брзина и траекторија на топката. Според најавите, системот ќе ги регистрира движењата на топката 500 пати во секунда, што ќе овозможи попрецизна анализа на играта, но и ќе им помогне на судиите во контроверзни ситуации.

Претходно беа претставени и трите мундијалски маскоти.

За потсетување, Светското првенство ќе се игра во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а ќе учествувата рекордни 48 репрезентации. Досега пласман на завршницата покрај трите домаќини имаат обезбедено и Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Мароко, Тунис и Нов Зеланд.

Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Фудбал

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Read more

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Read more

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе