Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Од 9-часовен кошмарен лет за сите, до темнината на банкротот... до повторното стартување: Што се случи со фудбалот во Владивосток?

Кој се сеќава на Луч-Енергија од Владивосток? Беше 2006 година, кога руската лига трепереше секој пат кога требаше да се одредува распоредот на натпревари. Играњето во Владивосток значеше 9-часовен лет од Москва, преминување на 7 временски зони и играње на екстремни температури. ЦСКА и Зенит уште имаат кошари од тие авантури.

Кога во 2007 година московскиот гигант ЦСКА загуби со 4:0 на гостувањето во Владивосток, легендарниот руски голман Игор Акинфејев изјави: „Ова е невозможно, тие треба да играат во јапонската лига.“

Remote video URL

Луч-Енергија три сезони беше дел од руската елита. Најдобар пласман оствари во првата всезона кога заврши на 7. место. Наредната 2007 сезона едвај се спаси од испаѓање завршувајќи на 14-тото место, последно кое не испаѓаше ио тоа со исто бодови колку и краснодарски Кубан, кој сипадна. Потоа во 2008 кочено испадна откако заврши последен.

Токму во сезоните 2007 и 2008 поранешниот македонски дефанзивец Игор Кралевски играше за Луч-Енергија. 

Потоа, логистичкиот кошмар се претвори во општествена криза.

Колапсот (2020)

Години натрупани долгови и неодржливи трошоци за патување го закопаа клубот. Спознорот Дальэнерго се повлече во 2018 година, па од името беше повлечена и додавката Енергија, остана само Луч. Последниот удар дојде во април 2020 година: со пандемијата, регионот Приморје одлучи да ги намали сите јавни средства за професионалните спортови и да ги пренасочи кон здравствена заштита. Резултатот? Луч банкротираше и исчезна од радарот.

Преродбата: Динамо Владивосток (2021)

За да се спречи изумирањето на фудбалот на рускиот Далечен Исток, во 2021 година локалните власти го воскреснаа историското име на градот кое датира од 1944 година: Динамо Владивосток. Нема правен континуитет, туку истиот град, истиот стадион („Динамо“ на само еден чекор од морето) и нов финансиски моментум.

А денес? Каде игра?

Динамо игра во руската трета лига - Дивизија А.

Помеѓу групите Златна и Сребрена, тимот е составен дел од третата дивизија, дури и блиску до промоција во втората дивизија и се стреми повторно да го трансформира својот домашен стадион во неосвојлива тврдина за секој што мора да лета до половина од планетата за да игра таму. Оваа година имаа лош почеток во Златната дивизија, па веројатно нема да има простор за промоција во втората дивизија.

Во секој случај, Луч повеќе го нема, но во Владивосток топката продолжува да се тркала на работ на светот.

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе