Први информации за повредата на Јамал, прогнозата не е воопшто добра

Најдобриот играч на Барселона, Ламин Јамал, се повреди на вчерашниот натпревар од 33. коло од Примера против Селта.

Јамал изведе пенал кон крајот на првото полувреме, но веднаш по голот не успеа ни да се израдува бидејќи легна на земја и се фати за мускулот на левата нога. Беше веднаш заменет и отиде во соблекувалната.

Сега пристигнаа првите информации за повредата на бисерот на Барса, а според информациите од Жема Солер од ESPN, Јамал би можел да ја заврши сезоната ако се остварат најлошите прогнози.

„Па, сè уште не е официјално, но успеавме да добиеме информации дека најверојатно станува збор за повреда на тетивата. Играчот ќе има дополнителни тестови денес, а потоа ќе биде појасно за каков вид повреда станува збор. Ако станува збор за благо истегнување, паузата би можела да трае три до четири недели, што значи дека ќе го пропушти Ел Класико, но постои можност да се врати до крајот на сезоната и да биде подготвен за Светското првенство. Сепак, ако повредата е посериозна, би можел да биде надвор од терените до крајот на сезоната, со неизвесност околу неговата подготвеност за почетокот на Светското првенство“, рече Жема Солер.

Потоа додаде: „Сè ќе зависи од резултатите од тестовите закажани за утре, по што се очекува официјално соопштение од клубот. Кога се случи повредата, бев веднаш зад голот и можев да видам како играчот се фати за мускулот во моментот на истегнувањето. После тоа се врати во соблекувалната, а дополнителните тестови ќе дадат конечен одговор за сериозноста на повредата.“

Ѕвездата на Барселона денеска ќе биде подложена на дополнителни тестови, по што Каталонците ќе објават подетални информации за повредата.

реклама

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Фудбал

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Read more

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Read more

Спорт

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Читај повеќе

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Читај повеќе

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Читај повеќе

Премиер лигата воведе 4 нови правила за новата сезона

Читај повеќе

Младиот напаѓач на Каљари се давел во базен, со хеликоптер го однеле на интензивна

Читај повеќе

Јуве ѝ плати на Болоња 20 милиони евра за стоперот Лукуми

Читај повеќе

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Читај повеќе