Прво синот на Зидан, сега брат му на Мбапе: Алжир си ја собира дијаспората

Алжирската репрезентација, која веќе обезбеди пласман на Светското првенство 2026, продолжува со својот план за засилување на тимот за претстојните предизвици.

Откако во септември се засили со нов голман, Лука Зидан од Гранада, син на легендарниот Зинедин Зидан, сега фокусот се префрла на нови засилувања.

Најновиот член на Алжир е Елиас Бенкара, 18-годишен стопер од вториот тим на Борусија Дортмунд, кој претходно играше за младинската репрезентација на Германија до 17 години.

Но, се чини дека тоа не е крајот на приказната. Според порталот Fennec Football, повикувајќи се на сигурни извори, Алжирската фудбалска федерација се обидува да го убеди Итан Мбапе, помладиот брат на француската ѕвезда Килјан Мбапе, да ја прифати поканата и да го облече дресот на „Пустинските лисици“.

Според истиот извор, Федерацијата веќе ја контактирала мајката на Итан, Фајза Ламари, која е Алжирка, со цел да добие државјанство за младиот напаѓач на Лил и да го стави на располагање на тренерот Владимир Петковиќ по завршувањето на Африканскиот куп на нации, кој започнува на 21 декември.

Итан во декември ќе полни 19 години и досега нема настап за Франција, ниту за било која од младинските репрезентации.

„ФАФ не само што сака да го зајакне тимот, туку и да испрати силна порака до алжирската дијаспора и светот на фудбалот“, наведува Fennec Football, нагласувајќи дека доаѓањето на синот на Зидан и можноста за ангажирање на Итан Мбапе би симболизирале нова ера во националниот тим.

„Целта е јасна: да се зајакне репрезентацијата со млади таленти од алжирско потекло и со тоа да се обезбеди силна и конкурентна генерациска транзиција пред Африканскиот куп на нации во 2025 година и Светското првенство во 2026 година“, заклучува Fennec Football.

Семејството Мбапе се Камерунци по татко, но Алжирци по мајка, а се родени во Франција.

реклама

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Фудбал

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Read more

Зидан ја откри формулата на одличната Франција: Резервите прават разлика, но тимската работа е клучна

Read more

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Спорт

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе

Зидан ја откри формулата на одличната Франција: Резервите прават разлика, но тимската работа е клучна

Читај повеќе
  • play_arrow

НХЛ останува без една од најголемите ѕвезди: Легендарниот Овечкин објави крај

Читај повеќе

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе